Колачиња за сајтот на Wizz Air

Користиме колачиња за да бидеме сигурни дека ќе имате најдобро доживување на нашиот сајт. Ако продолжите да го разгледувате сајтот на Wizz Air без да ги смените поставките за колачињата, ќе претпоставиме дека се согласувате да ги примате сите колачиња од сајтот на Wizz Air. Можете да ги смените поставките за колачињата во секое време. Повеќе информации има во Политиката за колачињата.

Wizz Air

Wizz AirWizz

Внесете го корисничкото име (адреса на е-пошта). Новата лозинка ја испративме на вашата регистрирана адреса на е-пошта.


Регистрирај

WIZZ Сметка

Услови

1. Дефиниции

1.1. Патник: лицето кое користи услуги за превоз на патници на Wizz Air.

1.2. Клиент: патникот или трета страна која дејствува во име на патникот што иницира отворање Wizz Сметка и плаќање преку пакетот за дополнување на Wizz Сметката или други методи.

1.3. Регистрација на патници: Регистрацијата на идентификацијата на патникот и контактните податоци во системот за резервации на Wizz Air. Доменот на регистрацијата е отворање Wizz Сметка, овозможувајќи контакти со патникот.

1.4. WIZZ Сметка: сметка каде што се следат авансните плаќања, купувањата и тековното салдо на патникот.

1.5. Дополнување на Wizz Сметка значи кредит на износ во готовина што патникот го платил на Wizz Сметката преку Повикувачкиот центар, како што е опишано во параграфот 3.4.

1.6. Основна валута: Валутата, што ја избрал патникот за време на регистрацијата, според која се води состојба на Wizz Сметката. Препорачливо е да се избере валута со која најчесто ќе се плаќа. Кога резервирате преку интернет, со кредитот можете да плаќате само за летови што се наплаќаат во основната валута што сте ја избрале. Секој друг лет може да се резервира преку Повикувачкиот центар. Опции на валута: GBP, EUR, PLN, HUF, RON, SEK, NOK.

1.7. Број на Wizz Сметка: Десеттоцифрен идентификациски број креиран од системот за регистрација до завршување на регистрацијата на патникот.

1.8. Услуги на Wizz Air: Авиопревоз на патници и багаж.

1.9. Повикувачки центар: Телефонски тимови за услуга на клиенти на Wizz Air. Броевите на Повикувачкиот центар може да се најдат на страницата контактирајте нѐ.

3. Отворање Wizz Сметки и нивно дополнување

3.1. Клиентите може да отворат Wizz Сметка со регистрирање податоци за патникот, како што е опишано во точка 1.3. Доколку патникот и клиентот не се исто лице, мора да се назначат и податоците на клиентот за фактурирање.

3.2. Дополнувањето на Wizz Сметката преку услугата „дополнување Wizz Сметка“ може да се направи со плаќање од кредитна картичка или банковен налог во избраната основна валута.

3.3. Дополнувањето на Wizz Сметката ќе го кредитира износот во основната валута.

3.4. Дополнување на Wizz Сметките мора да се побара преку Повикувачкиот центар. Повикувачкиот центар ја извршува регистрацијата на патникот, на клиентот му го дава бројот на банковната сметка на Wizz Air, каде што треба да се изврши плаќањето и му го дава ИД на WIZZ. Меницата мора да го содржи ИД на WIZZ како и името на патникот во полето за плаќање.

3.5. Штом вашето плаќање ќе стигне на банковната сметка на WIZZ Air, во рок од два дена сме обврзани да го зголемиме салдото на WIZZ Сметката на патникот и да испратиме потврдувачка порака преку е-пошта. Доколку потврдата преку е-пошта не стигне во рок од два дена, патникот треба да се јави во Повикувачкиот центар на Wizz Air, за да се информира околу статусот на плаќање и да помогне за идентификација на плаќањето, доколку е потребно.

5. Фактурирање

5.1. Wizz Air автоматски ќе издаде фактура за износот платен на Wizz Сметката и ќе ја испрати на патникот.

5.2. Доколку клиентот и патникот не се исто лице, а клиентот бара фактура при отворање на сметката, Wizz Air ќе ја адресира и ќе ја испрати фактурата на клиентот.

6. Користење салдо на Wizz Сметката

6.1. Достапното салдо на Wizz Сметката може да се употребува за плаќање резервации направени за патникот и за најмногу 4 лица кои патуваат заедно со него (фамилија, пријатели, итн.) Исто така, салдото може да се употребува за менување на времето и маршрутата на постоечките резервации на патникот. Резервацијата или промената може да опфаќаат дополнителни услуги покрај картата.

6.2. Резервациите и промените на резервации може да се направат преку интернет (wizzair.com) или преку Повикувачкиот центар.

6.3. За резервации платени преку Wizz Сметка, сопственикот на сметката мора да биде еден од патниците.

6.4. Кога се прави или менува резервација, ИД на WIZZ, на којшто му припаѓа WIZZ Сметката, мора да се впише за време на резервирањето преку интернет или да се наведе на агентот од Повикувачкиот центар за резервации преку него.

6.5. Доколку износот на Wizz Сметка не е доволен за плаќање на резервацијата, разликата може да се плати со кредитна картичка.

6.6. Доколку резервацијата е направена во валута што не е основната валута на WIZZ Сметката, износот на резервацијата ќе се конвертира во износ на основната валута и ќе се одземе од WIZZ Сметката. Кога резервирате преку интернет, со кредитот можете да плаќате само за летови што се наплаќаат во основната валута што сте ја избрале. Секој друг лет може да се резервира преку Повикувачкиот центар.

6.7. Салдото на WIZZ Сметката платено со дополнување на WIZZ Сметка е достапно за неограничен период. Секое салдо на WIZZ Сметка добиено од конверзија на поени е достапно, како што е определено со условите и правилата кои се однесуваат на поените.

6.8. Парите уплатени на Wizz Сметка не се надоместуваат и не се префрлаат.

6.9. Доколку Wizz Air го откаже летот кој е платен преку WIZZ Сметка, патникот ќе ја прими цената на летот како кредит.

6.10. WIZZ Сметката може да се употреби само за купување летови со кои управува Wizz Air Унгарија (W6). Не може да се употреби за купување летови со кои управува Wizz Air Украина.

7. Салдо на Wizz Сметка

7.1 Информација за салдото на Wizz Сметка може да се добие преку интернет (wizzair.com) или преку Повикувачкиот центар.

8. Затворање на Wizz Сметка

8.1 Wizz Air го задржува правото за затворање на Wizz Сметката со претходна писмена најава од 30 дена. По периодот на известување не може да се отвори нова сметка и не може да се остварат плаќања на сметката. Сепак, патниците ќе можат да го употребат износот што сѐ уште е достапен на нивната сметка според параграф 6.7.

9. Други прописи

9.1. Клиентот и патникот доверливо ќе управуваат со ИД на WIZZ. Wizz Air нема да биде одговорен за какво било оштетување што произлегува од злоупотреба на ИД на WIZZ или доколку тој се открие на други лица, освен клиентот и/или патникот.

9.2. Договорите ќе се толкуваат и спроведат согласно Законите на Унгарија. Споровите што ќе произлезат од тековниот договор првенствено ќе се решаваат со преговори помеѓу договорените страни.

9.3. Услугите купени од Wizz Air со употреба на WIZZ Сметка подлежат на Општите услови на превоз на Wizz Air, освен како што е назначено во тековниот договор.

9.4. Клиентот изјавува дека ги прифаќа условите на тековниот Договорот. Клиентот понатаму изјавува дека го известил патникот за условите на тековниот договор и дека патникот ги разбрал и прифатил тие услови.

9.5. Wizz Air го задржува правото да ги измени условите. Wizz Air ќе ги информира сите клиенти и патници за таквите измени преку својата веб-локација (wizzair.com).