Колачиња за сајтот на Wizz Air

Користиме колачиња за да бидеме сигурни дека ќе имате најдобро доживување на нашиот сајт. Ако продолжите да го разгледувате сајтот на Wizz Air без да ги смените поставките за колачињата, ќе претпоставиме дека се согласувате да ги примате сите колачиња од сајтот на Wizz Air. Можете да ги смените поставките за колачињата во секое време. Повеќе информации има во Политиката за колачињата.

WizzAir

Wizz

Внесете го корисничкото име (адреса на е-пошта). Новата лозинка ја испративме на вашата регистрирана адреса на е-пошта.


Регистрирај

пријавување преку интернет

Како дел од залагањето за намалување на цените и нудење поевтини карти на патниците, од 1 април 2010 година Wizz Air ќе воведе такса за пријавување на аеродром. Пријавувањето на аеродром купено во моментот на резервирање ќе чини 10 EUR, а доколку се купи на аеродром на денот на поаѓање ќе чини 20 EUR. Услугата за пријавување преку интернет е целосно бесплатна.

Доколку изберете пријавување преку интернет мора да ја испечатите картата за влез во авион и да ја покажете на портата за качување во авионот заедно со важечките патнички документи (пасош или карта за национален идентитет). Доколку немате патнички документи од ЕУ, мора да се појавите на шалтерот за пријавување за да ви ги проверат документите и да ви стават пасош во картата за влез во авион, пред да продолжите кон портата за качување во авион. Доколку патувате со чекиран багаж за во склад мора да се појавите на шалтерот за оставање багаж, не подоцна од 40 минути пред поаѓањето на летот. Доколку не ја покажете испечатената карта за влез во авион, потребно е да платите такса за пријавување на аеродром за да ви ја испечатат картата на шалтерот за пријавување.

Пријавувањето на аеродром е подложно на такса, којашто се плаќа по патник и по лет. Пријавувањето на аеродром може да се купи во моментот на резервирање или подоцна користејќи ја опцијата „Додај услуга“ или преку Повикувачкиот центар. Пријавувањето на аеродром што се купува на аеродромот е подложно на повисока такса. Доколку услугата за пријавување преку интернет сѐ уште не е достапна на аеродромот на поаѓање, пријавувањето на аеродромот ќе биде бесплатно сѐ до оспособувањето на услугата.

Пријавувањето на аеродром е достапно од 30 дена до 3 часа пред закажаното време на поаѓање на летот.

услови:

Патниците со чекиран багаж мора да се појават на шалтерот за оставање багаж не подоцна од 40 минути пред закажаното време на поаѓање на летот. На некои аеродроми, шалтерот за пријавување функционира и како шалтер за оставање на багажот.

Патниците што се пријавиле преку интернет треба да се присутни на портата за качување во авионот и да бидат подготвени за качување не подоцна од 30 минути пред закажаното време на поаѓање на летот.

Патниците што не се од ЕУ/ЕЕЗ мора да продолжат до шалтерот за пријавување на Wizz Air за проверка на документите, пред да продолжат кон обезбедувањето и поаѓањето. Доколку тоа не се направи, патувањето може да биде одбиено.

Патници што патуваат во шенгенското подрачје не мора да ги наведуваат информациите од патниот документ, само да ја завршат постапката за чекирање преку интернет.

Патниците со претходно закажана помош мора да пристигнат на аеродромот 2 часа пред поаѓањето и веднаш по пристигнувањето на терминалот ќе контактираат со член од персоналот за пријавување.

Деца под 14 години ќе бидат придружувани и пријавени преку интернет од патник на возраст над 16 години.

Патниците кои патуваат со мало дете мора да ја испечатат картата за влегување во авион на малото дете и да ја покажат на портата за качување во авион.

Картата за влегување во авионот од интернет, заедно со важечките патнички документи, ќе ја испечатите и ќе ја покажете на обезбедувањето на аеродромот и на портата за качување во авион.

Истите патнички документи, наведени за време на пријавувањето на интернет, мора да се покажат на обезбедувањето на аеродромот и на портата за качување во авион.

За време на чекирањето преку интернет може да Ви се побараат детали за визата кога патувате на одредени рути. Ако не е потребна виза за одредиштето, само напишете ххххххх во полињата за виза.

По пријавувањето преку интернет сѐ уште може да се направат промени на резервацијата (освен промена на летот и името) или да се купат дополнителни услуги. Забележете дека во случај кон резервацијата да се додадат WIZZ Xpress, WIZZ XXLong или WIZZ Reserved Seat, тогаш треба
-повторно да се испечати картата за влез во авион
или
-да се продолжи кон шалтерот за пријавување на аеродромот за да се добие налепница која ги прикажува промените на постоечката карта за влез во авионот.

Доколку податоците наведени за време на пријавувањето преку интернет не се точни, патувањето може да биде одбиено.

Кликнете тука за да се пријавите на интернет

Листа на аеродромите каде што не е достапно чекирање преку интернет (чекирањето на аеродром е бесплатно)

Korfu
Palma De Mallorca
Zaragoza
Hurghada
Turin