Колачиња за сајтот на Wizz Air

Користиме колачиња за да бидеме сигурни дека ќе имате најдобро доживување на нашиот сајт. Ако продолжите да го разгледувате сајтот на Wizz Air без да ги смените поставките за колачињата, ќе претпоставиме дека се согласувате да ги примате сите колачиња од сајтот на Wizz Air. Можете да ги смените поставките за колачињата во секое време. Повеќе информации има во Политиката за колачињата.

Wizz Air

Wizz AirWizz

Внесете го корисничкото име (адреса на е-пошта). Новата лозинка ја испративме на вашата регистрирана адреса на е-пошта.


Регистрирај

корисни информации и услови на патување

РЕЗЕРВАЦИИ


УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ


ПАТНИЦИ СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ


РЕЗЕРВАЦИЈА

Резервирање

Патниците може да резервираат преку интернет (wizzair.com), преку Повикувачкиот центар, преку патнички агенти или на шалтерите на повеќето аеродроми. Патниците што ќе резервираат преку Повикувачкиот центар ќе мора да платат дополнителна Такса за Повикувачки центар .

Wizz Air е авиокомпанија без карти и во ниту еден случај не издава карти. Наместо тоа, при резервирањето патниците добиваат потврдувачка шифра. Таа потврдувачка шифра мора да се прикаже на шалтерот за пријавување, заедно со важечки документ за идентификација со фотографија, со цел да се добие карта за влез во авионот. Во зависност од значењето на резервацијата, патниците добиваат потврдувачка шифра преку е-пошта (резервирање преку интернет), по пошта или по телефон (резервирање по телефон преку Повикувачкиот центар).

Летови со преседнување

Доколку сте резервирале лет со преседнување со Wizz Air, тоа претставува посебен договор. Wizz Air превезува патници само директно помеѓу два града. Тој не нуди услуга на поврзување летови и затоа треба да се пријавите со багажот посебно за секое патување. Нема да се обезбеди превоз на патници или багаж. Од таа причина, не преземаме одговорност за кој било последователен лет што патниците можеби ќе го пропуштат. Ве советуваме да си дозволите доволно време помеѓу закажаното време на летот што пристигнува и закажаното време на поаѓање на следниот лет, за да го подигнете чекираниот багаж и да ги завршите пријавувањето и безбедносната контрола за следниот лет.

Цени за карти, такси, наплаќања и други такси

Wizz Air нуди билети во една насока, па нема барање за минимален или максимален престој. Билетот вклучува задолжителни даноци, надомести и такси што се неизбежни за резервирање, но не ги вклучува надоместите за опционалните услуги достапни за патниците по нивен избор.

Цената на билетот вклучува административна такса од 7 евра за патник по лет.

Плаќање

Летовите на Wizz Air може да се резервираат и платат преку интернет или преку Повикувачкиот центар со кредитна картичка или со втисната дебитна картичка. Исто така, можете да резервирате и да платите кај еден од напите партнерски патнички агенти и на шалтерите на аеродром со кредитна картичка или во готово. Во неколку случаи можете да платите со банковен налог. За повеќе детали прочитајте ја страницата како се резервира.

Промена на резервацијата

a) Промена на времето на летот и одредиштето

Можете да ги смените датумот, времето и одредиштето на летот преку интернет, преку телефонскиот центар или туристичкиот агент до 3 часа пред закажаното поаѓање на летот. Ќе треба да платите надомест за промената и евентуалната разлика во цената, ако ја има. Доколку достапната цена за превоз или применливите даноци, таксите или наплатите се пониски за новиот лет, ќе се надомести само разликата од пониските даноци.

Летовите резервирани кај еден авиосубјект на Wizz Air - Wizz Air Унгарија (код на авиокомпанија W6) или Wizz Air Украина (код на авиокомпанија WU) - не може да се променат на летови со кои управува друг авиосубјект на Wizz Air. Домашните летови не може да се заменат со меѓународни летови и обратно.

b) Промена на име на патник

Името на патникот може да се смени преку интернет или преку Телефонскиот центар до 3 часа пред закажното време за поаѓање. Ќе треба да платите надомест за промената на името. Надоместот за промена на името се наплатува по променето име, за лет во една насока.

По пријавувањето преку интернет сѐ уште може да се направат промени на резервацијата (освен промена на летот и името) или да се купат дополнителни услуги. Забележете дека во случај кон резервацијата да се додадат WIZZ Xpress, WIZZ XXLong или WIZZ Reserved Seat, тогаш треба
- повторно да се испечати картата за влез во авион
или
- да се продолжи кон шалтерот за пријавување на аеродромот за да се добие налепница која ги прикажува промените на постоечката карта за влез во авионот.

По чекирањето преку интернет, можат да се прават промени на летот и името преку интернет преку Телефонскиот центар најдоцна до 4 часа пред закажаното поаѓање на летот. Ќе треба да платите надомест за промената. Имајте предвид дека во случај на промена на летот или на името по чекирањето преку интернет ќе треба повторно да се чекирате и повторно да ја испечатите пропусницата за бординг. Надоместот за промена на летот е поголем ако ја извршите промената 30 дена пред поаѓањето.

Надоместоци

Цените за карта и таксите се надоместуваат само во случаи и под услови како што се наведени во Општите услови на превоз.

Во случај на смрт на член на семејството (мајка, татко, сопруга, сопруг, партнер со кој се живее во заедница, сестра, брат, баба, дедо, дете, внук) на патникот до 30 дена пред закажаниот датум на поаѓање на летот, може да се добие надоместок по поднесување барање до услугата за односи со клиентите на Wizz Air во рок од 30 дена од смртниот случај, под услов да се поднесе посмртница за 7 дена од поднесување на барањето.

Известувања

Доколку Wizz Air треба да контактира со патникот пред закажаното време на поаѓање на летот, доколку настанат промени кои влијаат на летот. Затоа, при резервирањето, потребно е да дадете соодветни информации за контакт на коишто патникот ќе биде достапен во секое време (телефонски број/мобилен телефонски број и адреса на е-пошта). Wizz Air не е одговорен за какви било штети во случаи кога наведените адреса на е-пошта и/или телефонски број не се точни или доколку патникот нема пристап или на успеал редовно да ја проверува наведената адреса на е-пошта или патникот не е достапен на ниту еден од наведените броеви.

Доколку резервацијата ја направил патничкиот агент и патникот нема адреса на е-пошта, патничкиот агент ќе наведе своја адреса на е-пошта за резервацијата и ќе го информира патникот за сите известувања што ќе ги испрати Wizz Air, а ќе влијаат на резервацијата.

План на патување

При резервирање преку интернет ќе биде испратен план на патување/потврда до адресата на е-пошта на патникот. Планот на патување вклучува детали за резервираните летови и потврдувачка шифра којашто е уникатна за резервацијата.

Патниците кои резервираат преку Повикувачкиот центар ќе добијат план на патување/белешка по е-пошта или по бесплатен факс или по пошта за дополнителна такса за поштарина .

За патници што резервираат летови преку патничка агенција, планот на патување ќе им го даде патничкиот агент.

УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ

Пријавување и качување

Доколку со вашиот лет управува Wizz Air Унгарија:

Пријавувањето започнува 2 часа и завршува 40 минути пред поаѓањето, согласно распоредот на аеродромот на местото на поаѓање. Доколку не успеете (а) да ги завршите постапките на пријавување до крајниот рок за пријавување или (б) навремено да се појавите на пријавницата или на портата за качување во авион од која било причина, резервацијата ќе ви биде откажана и качувањето во авион ќе ви биде забрането. Вкупната цена ќе ви биде надоместена, откако ќе се одземе износот за таксата за други услуги и таксата за заштита на седиште. Препорачуваме да купите осигурување што ќе покрива загуби, кои поради која било причина, настанале поради ваша спреченост за патување или за пристигнување на пријавувањето на аеродром во дадениот рок.

Патниците со посебни барања или посебни потреби треба да се присутни кај пријавувањето два часа пред закажаното време на поаѓање. Во спротивно можеби нема да можеме навремено да ја завршиме процедурата на пријавување за тој патник.

Доколку со вашиот лет управува Wizz Air Украина:

Пријавувањето започнува 2 часа и завршува 40 минути пред поаѓањето, согласно распоредот на аеродромот на местото на поаѓање. Доколку не успеете (а) да ги завршите постапките на пријавување до крајниот рок за пријавување или (б) навремено да се појавите на пријавницата или на портата за качување во авион од која било причина, резервацијата ќе ви биде откажана и качувањето во авион ќе ви биде забрането, без право на надоместок, освен во услови посебно напоменати во законот на Украина или во Општите услови на превоз за патници и багаж.

Патниците со посебни барања или посебни потреби треба да се присутни кај пријавувањето два часа пред закажаното време на поаѓање. Во спротивно можеби нема да можеме навремено да ја завршиме процедурата на пријавување за тој патник.

Патнички документи

Wizz Air бара сите патници да обезбедат неопходни и важечки патнички документи при пријавувањето и да ги почитуваат барањата на земјата од којашто се полетува, прелетува или на земјата на слетување. Wizz Air нема да биде одговорен за кои било последователни сродни трошоци, доколку на патникот му се одбие влезот во земјата, поради неточен пасош или виза.

Потребно е да ни го дадете полното име на патникот, како што е наведено во неговиот патнички документ што ќе се користи при патувањето. Доколку не го сторите тоа при резервирањето или два часа по резервирањето преку Повикувачкиот центар, ќе се наплати такса за промена на име за менувањето име на патник. Цената за таксата е достапна на веб-локацијата и во Повикувачкиот центар.

Назначување на седиште, седиште со екстра простор за нозе и приоритетно качување со Wizz Xpress

Wizz Air управува со сите авиони во конфигурација на едно седиште и не обезбедува назначени седишта.

Сепак, можете да резервирате седиште со екстра простор за нозе и да седите во едно од најудобните седишта во авионот. Тоа може да се купи преку интернет во моментот на резервирање или подоцна преку Повикувачкиот центар, па дури и на аеродромот штом ќе се пријавите. Доколку сакате да ја купите оваа услуга, кликнете тука за да ја консултирате страницата со такси за услуга.

Алтернативно, можете да ја купите услугата приоритетно качување со Wizz Xpress и да бидете меѓу првите во авионот. Тоа може да се купи и преку интернет во моментот на резервирање или подоцна преку Повикувачкиот центар, па дури и на аеродромот штом ќе се пријавите. Доколку сакате да ја купите оваа услуга, кликнете тука за да ја консултирате страницата со такси за услуга. Сепак, забележете дека купувањето приоритетно качување не ви гарантира претпочитан избор на седиште.

Праксата на Wizz Air да дава приоритетно качување со Wizz Xpress на патници со мали деца и на патници со инвалидитет останува непроменета.

Услуги во авион

Како авиокомпанија со ниски цени Wizz Air не нуди оброци во авионот. Патниците можат да купат освежување и ужини во авионот од Wizz-кафуле.

Користење електронска опрема во авион:

Употребата на следните електронски уреди е забранета за време на целиот лет:

• преносливи FM радио и телевизор

• скенери

• мобилни телефони

• уреди со далечинско управување (вклучувајќи играчки)

• радио предаватели и приемници

• преносливо видео

• CD-, минидиск- и CD-ROM плеери

• цивилни радио уреди

• компјутерски печатачи

• ласерски покажувачи

Следните електронски уреди може да се користат само на висина на патување:

• лаптоп/пренослив компјутер

• компјутерски игри

• видео камери

Употребата на следните електронски уреди е дозволена за време на целиот лет без ограничување:

• срцеви стимулатори (пејсмејкери)

• помагала за слушање

• вградени медицински уреди

• електронски нервни стимулатори.

ПАТНИЦИ СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

Дополнително на високиот стандард на услуга којшто Wizz Air е посветен да го обезбеди за сите патници, нудиме и дополнително внимание за патниците со посебни потреби. Правилата и процедурите што важат за секоја од овие категории се наведени во овој дел.

Патниците со посебни барања или посебни потреби треба да се присутни кај пријавувањето два часа пред закажаното време на поаѓање. Во спротивно можеби нема да можеме навремено да ја завршиме процедурата на пријавување за тој патник.

Бремени жени

Бремените жени нема да патуваат со летови на Wizz Air по 34-та недела од бременоста. Жени кои ја поминале 28-та недела од бременоста можат да патуваат со Wizz Air само под услов да добијат медицински сертификат што ја потврдува нивната способност за патување со авион. Wizz Air ќе биде одговорен само согласно овие Општи услови на превоз за кои било здравствени проблеми на бремените жени и/или на нивното неродено дете, што може да настанат за време на или како резултат од патувањето со авион.

Патници со инвалидитет

Патниците се сметаат за инвалиди кога нивната физичка, медицинска или ментална состојба бара индивидуално внимание (качување и симнување, за време на летот, при итна евакуација, за време на управување на земја), што обично не е потребно за другите патници.

Wizz Air мора да биде информиран најрано што е можно за физичкиот инвалидитет на патникот, за намалената подвижност, за сериозни или заразни болести и за секоја друга состојба која бара медицинска помош. Барањата може да се поднесат преку интернет, за време на резервирањето или со контактирање на Повикувачкиот центар (препорачуваме да нѐ повикате на денот на резервацијата). Можеби нема да можеме да обезбедиме помош за барања направени помалку од 48 часа пред закажаното време на поаѓање на летот.

Важат локалните цени. Забележете дека тие броеви се назначени само за патници на кои им е потребна посебна помош. Други прашања нема да се решаваат.

Wizz Air го задржува правото да побара целосна медицинска потврда за Вашата способност да патувате со воздушен превоз и што содржи изречна медицинска потврда за воздушен превоз за сите случаи спомнати погоре. Wizz Air може да побара квалификувано медицинско лице или негувател како придружба, доколку е потребно.

Доколку тие барања не се исполнат, Wizz Air ќе ја одбие резервацијата.

Во случај Wizz Air да не може да ги обезбеди потребните услови во авионот назначени во медицинската потврда, Wizz Air може да ја одбие резервацијата.

Патниците со инвалидитет ќе се прифатат за превоз согласно следните правила без разлика дали е потребна медицинска потврда. Во случај на сомнеж што се однесува на потребата од таква медицинска потврда, персоналот на земја треба да се консултира со Медицинскиот советник на должност.

Бројот на патници со инвалидитет (лица со намалена подвижност) што се прифатени нема да надмине 28 лица по лет, под услов во истиот авион да може да се превезат максимално 10 патници на кои им е потребна инвалидска количка од пријавувањето до седиштето.Два предмети мобилна опрема по патник може да се превезуваат бесплатно.

Патниците со инвалидитет, што не се способни да се грижат за себе и не можат сами да ги користат тоалетите во авионот, ќе се прифатат за превоз само кога ќе ги придружува способно возрасно лице.

Барања за инвалидска количка

Патниците на кои им е потребна помош со инвалидска количка мора да го советуваат Повикувачкиот центар за време на резервирањето.

Инвалидските колички што работат со мокар акумулатор што може да истече, не се прифаќаат за патување.

Сувите акумулатори што не може да истечат ќе бидат прифатени под услов краевите да се изолираат за да се спречи настанување на спој. Акумулаторот мора безбедно да е прикачен за инвалидската количка.

Слепи и глуви патници

Бесплатно обезбедуваме услуга Пречекување и помош за слепите и глувите патници. Барањето мора да се поднесе преку Повикувачкиот центар на денот на резервацијата.

Кучиња водичи

Кучиња водичи се примаат во авионот без дополнителни трошоци за хендикепираните патници. Се прима само едно куче за лет. Имајте предвид дека кучето не смее да зафаќа седиште.

Wizz Air прифаќа само „признаени“ кучиња водичи, што значи дека животното треба да задоволува одредени барања. Вие сте одговорни да ги имате документите одредени со прописите на земјите во кои се врши превозот.

Ако планирате да патувате со куче водич, наведете го тоа за време на резервирањето и известете го и нашиот повикувачки центар и пратете ги следниве документи не подоцна од 48 часа пред закажаното време на поаѓање:
•сертификат што докажува дека Вашето куче е „признаено“ куче водич
•документите одредени со прописите на земјите во кои се врши превозот

Треба да имате предвид дека кучиња водичи не се прифаќаат за патувања на летови до и од Велика Британија.