Колачиња за сајтот на Wizz Air

Користиме колачиња за да бидеме сигурни дека ќе имате најдобро доживување на нашиот сајт. Ако продолжите да го разгледувате сајтот на Wizz Air без да ги смените поставките за колачињата, ќе претпоставиме дека се согласувате да ги примате сите колачиња од сајтот на Wizz Air. Можете да ги смените поставките за колачињата во секое време. Повеќе информации има во Политиката за колачињата.

Wizz Air

Wizz AirWizz

Внесете го корисничкото име (адреса на е-пошта). Новата лозинка ја испративме на вашата регистрирана адреса на е-пошта.


Регистрирај

како се резервира?

>преку интернет

Ова е најекономичниот и најбрзиот начин на резервирање седишта на Wizz Air. За да го сторите тоа, едноставно започнете со резервирање на почетната страница и следете ги едноставните чекори. Штом ќе ги внесете сите информации за резервација, патник, контакт и начин на плаќање, ќе добиете план на патување со единствена потврдувачка шифра. Планот на патување ги содржи и деталите за бројот на летот, датумот и времето на патување, поаѓањето и дестинацијата, како и полната цена.

Wizz Air секогаш на патникот ќе му даде точна анализа за сите трошоци поврзани со вкупната платена цена.

За резервирање преку интернет, лицето кое врши резервација мора да има најмалку 18 години во време на резервирањето.

Wizz Air ги прифаќа следниве начини на плаќање:

- Банковна картичка: Visa, Visa Electron, MasterCard и Maestro дебитни и кредитни картички

-Банковен налог

-Wizz Сметка

Ако имате Wizz ваучер, можно е да се користи и за резервирање билет.Преостанатата сума (ако ја има) треба да се плати со банкарска картичка.Услови за ваучерот:

преку телефон

Резервирањето со Повикувачкиот центар на Wizz Air е лесно и едноставно. Повикајте го нашиот посветен тим на Wizz Air во вашата област за да зборувате со еден од нашите агенти за резервации. Кликнете тука за преглед на списокот на нашите повикувачки центри и нивните телефонски броеви.
Кликнете тука за да дознаете повеќе за таксите на Повикувачкиот центар.

барања за специјални услуги

Доколку имате посебни барања за патување, известете не! Доколку имате потреба од инвалидска количка, патувате со багаж со неправилна големина или имате специјално барање, контактирајте со нашиот Повикувачки центар на денот на резервирањето. Со барањата не се ракува и не се обработуваат преку интернет. Во секое време, доколку не сте сигурни околу деталите на резервацијата, ви препорачуваме да контактирате со Повикувачкиот центар за да разговарате со еден од нашите посветени агенти за понатамошна помош.

вашата потврдувачка шифра

Wizz Air е авиокомпанија без карти. Не се издаваат претходно испечатени карти при резервирањето, преку интернет или преку Повикувачкиот центар. Потврдувачката шифра, која се издава штом ќе резервирате, претставува референца за патување. Забележете го тоа. Wizz Air ќе ви испрати потврдувачка е-пошта која ги содржи планот на патување и потврдувачката шифра. Во случај на пријавување на аеродром, тоа ќе биде вашата сметка, која можете да ја испечатите и да ја понесете со вас на аеродромот на денот од патувањето и да ја покажете на шалтерот за пријавување.

Не заборавајте ја потврдувачката шифра и важечкиот пасош/личната карта на денот на патувањето.

Во случај да сте одбрале пријавување преку интернет, следете ги упатствата за Пријавување преку интернет.