често поставувани прашања
ИНФОРМАЦИИ ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА
БАГАЖ
ПРИЈАВУВАЊЕ
WIZZ СМЕТКА
КОНТАКТ
ИНФОРМАЦИИ ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА
- РЕЗЕРВАЦИИ
Како се резервира?
За повеќе информации за опциите на резервација, погледнете ја страницата како се резервира.
Дали е безбедно да се резервира карта преку интернет?
Многу се трудиме, вклучувајќи преземање разумни технички и безбедносни дејства, за заштита и безбедно складирање на вашите лични податоци и за да ги заштитиме истите од неовластен пристап, користење, злоупотреба или од неовластено бришење. Посебно внимание се посветува на безбеден пренос на лични и финансиски податоци. Овие податоци се пренесуваат од вашиот компјутер до серверот за резервации на Wizz Air преку шифрирани канали со поддршка на најновата технологија Secure Socket Layer (SSL). Покрај тоа, нудиме нова безбедносна интернет услуга за сопствениците на картички VISA и MasterCard. Потврдени од VISA и MasterCard, плановите со безбедносна шифра ви овозможуваат да регистрирате дополнителна лозинка за вашата кредитна картичка. Со ова помагате да се спречат неовластени купувања на вашата кредитна картичка, што значи дека можете да купувате на интернет со дополнителна безбедност и без грижи. За време на одјавувањето, доколку вашата банка учествува, ќе ви биде побарано да се регистрирате за еден од двата плана. Едноставно следете ги упатствата на интернет за да ја поставите новата лозинка. Некои банки нудат опција да се пријавите подоцна, но други ќе инсистираат веднаш да се пријавите на планот за да ја завршите интернет трансакцијата. Наскоро плановите ќе бидат задолжителни за сите сопственици на картички. Доколку имате прашања за планот, контактирајте директно со издавачот на вашата картичка.
Може ли да резервирам поврзани летови?
Wizz Air не работи со поврзани летови и затоа не може да го олесни преносот на патници или на нивниот багаж до други летови (без разлика дали со нив управува Wizz Air или друга авиокомпанија). Од таа причина, не преземаме одговорност за кои било последователни летови што патниците можеби ќе го пропуштат. Ве советуваме да си дозволите доволно време помеѓу закажаното време на летот што пристигнува и закажаното време на поаѓање на следниот лет.
Речиси завршив со процесот на резервирање кога ја добив пораката „Сесијата истече“? Што значи тоа?
Од безбедносни причини, временското ограничување за резервирање е 30 минути. По тоа системот автоматски се одјавува. Доколку пораката се појави на крајот од процесот на резервирање, контактирајте со Повикувачкиот центар, наведувајќи го датумот на поаѓање и маршрутата за да проверите дали сте извршиле резервација.
Ги помешав името и презимето во резервацијата. Дали тоа е проблем?
Подобро е да го промените за да избегнете недоразбирања на аеродромот. Ова не е промена на име, па нема да ви се наплатат такси за промена на име. Повикајте го Повикувачкиот центар бидејќи тие можат да го сторат тоа бесплатно.
При резервирање преку интернет погрешно го напишав името/телефонскиот број/адресата на е-пошта на патникот. Што треба да направам?
Контактирајте со Повикувачкиот центар за помош и тие ќе ги поправат грешките. Забележете дека не можеме да менуваме целосни имиња, туку само печатни грешки.
Јас и мојата партнерка резервиравме лет, но до времето на патување ќе бидеме во брак, а планот на патување го содржи моминското презиме на сопругата. Што треба да направиме?
Во таков случај, потребна е промена на име. Тоа може бесплатно да се направи доколку се прикажат патничкиот документ и изводот од книгата на венчани. Испратете ги сите релевантни документи до Одделот за односи со клиенти, поднесувајќи го барањето на нашата веб-локација најскоро што е можно или контактирајќи со Повикувачкиот центар.
Кога ќе биде потврдена мојата резервација?
Доколку сте платиле со кредитна картичка, по завршување на процесот на резервирање, ќе примите потврдувачка шифра (на екранот) и ќе ви биде испратена копија преку е-пошта. Доколку не сте примиле потврдувачка е-пошта (план на патување) проверете ги поставките на филтерот на вашата е-пошта и сите сандачиња што содржат филтрирана пошта. Планот на патување ќе содржи и потврдувачка шифра, датуми, вкупната цена за превоз и сите други неопходни детали. До овие информации можете да пристапите преку сопствениот профил на Wizz Air под делот „моја резервација“ доколку резервацијата е направена додека сте биле пријавени.
Која е мојата потврдувачка шифра?
Штом резервацијата успешно ќе се изврши, ќе добиете потврдувачка шифра (PNR). Таа ќе се прикаже на страницата со потврда, како и во планот на патување испратен по е-пошта (потврдувачка е-пошта). Се состои од 6 знаци (вклучувајќи броеви и/или букви). Забележете дека никогаш не го содржи бројот 0 (нула), секогаш е буквата „О“.
Како да ја откажам резервацијата?
Не можете да ја откажете резервацијата преку интернет. Бидејќи поголемиот дел од барањата се од итна природа, ве молиме веднаш да контактирате со нашиот Повикувачки центар. Забележете дека откажувањето ќе се обработи согласно Општите услови на превоз (Член 6.5.1.).
Може ли да направам промени на резервацијата?
На интернет може да се променат датумите и времињата на летот, дестинацијата и имињата на патниците преку менито менување резервација или преку Повикувачкиот центар до 3 часа пред закажаното време на поаѓање на летот. Забележете дека овие промени опфаќаат дополнителни такси.
Не можам да најдам никаков запис за мојата резервација. Зошто?
Резервациите може да се прегледаат/изменат користејќи ја опцијата менување резервација на wizzair.com. Користете само една опција и проверете дали користите англиска азбука при внесување детали на резервацијата, бидејќи системот за резервации не прифаќа акцентирани букви.
Wizz Air го промени мојот лет/летови. Што да направам сега?
Во случај на промени на договорот од страна на Wizz Air ќе ве контактираме за да ве информираме за промената и вашите можности, преку е-пошта на адресата што сте ја навеле за време на резервирањето. Проверете ги поставките на филтерот на вашата е-пошта и сите сандачиња што содржат филтрирана пошта за да примате сродни известувања. Освен тоа, следете ги и ажурирањата објавени на нашата веб-локација.
- ДЕЦА И МАЛИ ДЕЦА
Како можам да патувам со моето дете/мало дете?
Малите деца на возраст до две години може да патуваат со такси, во скутот на возрасниот придружник. Сепак, доколку цената за карта во еден правец на придружникот е пониска од тековните такси, истиот износ ќе важи за таксата за мало дете. На еден придружник дозволено е само едно мало дете. Таксата за мало дете може да се плати преку интернет за време на процесот на резервација или преку Повикувачкиот центар. За повеќе информации, погледнете ја страницата резервација за деца.
Малите деца мора да бидат на возраст под две години како на поаѓање така и на враќање. Доколку малото дете достигне возраст од две години по поаѓањето, а пред враќањето од патувањето, мора да се купи седиште и во тој случај треба да се направат посебни резервации за следниот лет и за летот на враќање. За деца постари од две години не е дозволено да патуваат во скутот на полнолетниот придружник.
Дали е дозволен багаж за мало дете?
Малите деца немаат право на багаж со исклучок на количка/корпа за бебе што се склопува/детско седиште за автомобил по дете (се носат бесплатно). Забележете дека детските колички и корпи се пријавуваат со останатиот багаж и се пренесуваат бесплатно, под услов планот на патување да вклучува мало дете. Сепак, доколку не е вклучено мало дете, овие предмети ќе се носат како чекиран багаж за дополнителна такса.
Дали деца на возраст под 14 години може да патуваат сами?
Децата помали од 14 години може да летаат доколку се придружувани од возрасен со најмалку 16 години и кој ќе преземе целосна одговорност за детето. За повеќе информации за резервација на деца, погледнете ја страницата резервација на деца.
Забележете дека специјални услови важат за жителите на Романија на возраст под 18 години.
Согласно романскиот закон бр. 248 од 2005 [што се однесува на слободно движење на романските граѓани во странство], романските граѓани помали од 18 години може да патуваат во странство само ако ги придружуваат двајцата родители или еден родител/еден возрасен и ако ја имаат потребната документација.
Wizz Air ќе одбие превоз на патници кои нема да ја достават потребната документација.
Информирајте се за формалностите пред патувањето.
Може ли да понесам дубалче/трицикл наместо количка за дете?
Се прифаќа само количка/корпа за бебе што се склопува/детско седиште за автомобил по дете да се пријави бесплатно.
Веќе имам резервација. Како можам да го доведам моето дете?
Контактирајте со Повикувачкиот центар и нашите агенти ќе ви помогнат.
- ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ
Корисник сум на инвалидска количка. Како може да добијам помош, специјална помош?
Патниците на кои им е потребна помош со инвалидска количка мора да го советуваат Повикувачкиот центар за време на резервирањето.
Инвалидските колички што тежат повеќе од 60 килограми (без акумулаторот) или оние кои работат со мокар акумулатор што може да истече, не се прифаќаат за патување.
За повеќе детали проверете го делот услови на патување.
Што треба да направам ако ми е потребна посебна помош на аеродромот?
Доколку патниците на кои им е потребна помош се регистрираат за време на резервирањето, аеродромскиот сервис ќе бидат свесни за тоа и ќе дејствуваат соодветно. Одете до шалтерот за пријавување најрано што е можно каде што аеродромскиот сервис ќе ви помогне.
Потребно ми е дополнителен кислород од медицински причини. Може ли да го понесам својот кислород во авионот?
Прифаќаме патници на кои нормално им е потребно дополнителен кислород од медицински причини, доколку обезбедат медицинска потврда за способност за патување со авион без дополнителен кислород за време на назначениот лет. На патниците кои нема да обезбедат таква потврда на шалтерот за пријавување нема да им биде дозволено да патуваат. На патниците не им е дозволено да носат сопствен дополнителен кислород во авионот и во такви случаи Wizz Air не обезбедува кислород во авионот.
Бремена сум. Може ли да патувам со авион?
Бремените жени нема да патуваат со летови на Wizz Air по 34-та недела од бременоста. Жени кои ја поминале 28-та недела од бременоста можат да патуваат со Wizz Air под услов да добијат медицински сертификат што ја потврдува нивната способност за патување со авион. Wizz Air ќе биде одговорен само согласно овие Општи услови на превоз за кои било здравствени проблеми на бремените жени и/или на нивното неродено дете, што може да настанат за време на или како резултат од патувањето со авион.
- ПЛАЌАЊА
Кои форми на плаќање може да се користат?
Wizz Air прифаќа Visa, Visa Electron, MasterCard и Maestro дебитни и кредитни картички за плаќање. Во случај да немате кредитна/дебитна картичка или вашата картичка не може да се користи за плаќање преку интернет, можно е да платите за летот со банковен налог.
Ако имате Wizz ваучер, можно е да се користи и за резервирање билет.Преостанатата сума (ако ја има) треба да се плати со банкарска картичка.Услови за ваучерот:
Дали ќе добијам фактура?
Wizz Air дава електронски фактури за вкупната цена на превоз. Електронските фактури ќе се достават по електронски пат само на адресата на е-пошта, што е назначена за време на резервирањето. Електронските фактури се издаваат во согласност со релевантните правни регулативи на Унгарија. Дополнително, може да се побара копија на хартија од електронската фактура преку Повикувачкиот центар за определена такса. Копијата од електронската фактура на хартија ќе биде испратена по пошта на адресата назначена за време на процесот на резервирање. Може да побарате изменета фактура што содржи различни детали од оние наведени при резервирањето, за којашто го задржуваме правото да наплатиме такса.
Што да направам доколку кредитната картичка ми е одбиена?
Проверете дали кредитната картичка е важечка. Бројот на кредитната картичка мора да се внесе во последователни броеви, без „празно место“ или „-“. Исто така, проверете дали има празни места на крајот од бројот на кредитната картичка. Доколку проблемот повторно се појави, контактирајте со банката за да проверите дали ви е дозволено плаќање преку интернет со картичката или дали има лимит на купување.
Резервирав лет и сметам дека износот одбиен од мојата кредитна картичка не е точен. Што треба да направам?
Во таков случај, прво контактирајте со добавувачот на кредитната картичка за да го идентификува проблемот. Ако причината не е некоја дополнителна наплата од банката или не е употребен различен курс на размена, најрано што можете контактирајте нѐ преку Повикувачкиот центар или поднесете барање во категоријата „Грешка при плаќање“.
Би сакал да платам за картата со банковен налог. Кога треба да го уплатам износот?
Плаќањето мора да се изврши за 24 часа од резервацијата. Потврдата на резервација може да трае и до 4-5 работни дена.
Платив со банковен налог. Како да знам дека Wizz Air ја примил уплатата?
Во случај да не примите потврда за вашата резервација за време од 5 работни дена од плаќањето со банковен налог и/или статусот на резервацијата во вашиот Wizz Air профил се прикажува како „на чекање“, контактирајте со Повикувачкиот центар за да проверите дали е примено вашето плаќање. Во случај да не може да се пронајде плаќањето, можеби ќе ви биде побарано да прикажете доказ за истото.
Добив карта за лет што бара плаќање со банковен налог, но би сакал да го платам салдото со кредитна картичка.
Треба да направите нова резервација преку интернет, со најновите цени за превоз.
- ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛУГИ
Дали може да додавам услуги кон постоечка резервација преку wizzair.com?
Со „додај во услугата“ на Wizz Air може да се додаваат услуги кон постоечка резервација преку wizzair.com, како што се чекиран багаж, спортска опрема, приоритетно качување, екстра простор за нозе, осигурување и автобуски превоз и многу други, што исто така можат да се купат за време на процесот на пријавување. Дополнителни услуги може да се купат користејќи ја опцијата менување резервација, достапна на wizzair.com под менито Резервации.
Забележете дека патничкото осигурување и автобускиот превоз ги обезбедуваат трети страни.
Дополнителни услуги може да се купат до три часа пред поаѓање. Но, превозот на аеродром мора да се купи до три дена пред поаѓање. Потврдување преку СМС е достапно само доколку е назначен мобилен телефон за време на резервирањето.
Забележете дека е поевтино да се резервираат дополнителните услуги наведени погоре директно на wizzair.com отколку да се купат на аеродром. Освен тоа, не треба да се плаќаат такси при додавање услуги на веќе постоечка резервација преку нашата веб-локација.
Слушнав дека не обезбедувате назначени седишта. Сепак, јас сакам да седам заедно со семејството. Дали тоа е можно?
Wizz Air не назначува седишта, но може да се купи приоритетно качување со Wizz Xpress и да се биде меѓу првите што ќе се качат во авионот или да се купи седиште Wizz XXLong со екстра простор за нозе, бидејќи има 12 фиксни седишта во авионот.
Обично имам проблем со просторот за нозе. Може ли да резервирам седиште со поголем простор за нозе?
Да, патниците може да резервираат седишта со екстра простор за нозе. За повеќе детали, кликнете тука.
Кого треба да контактирам за услугите од трети страни?
Ние сме само посредници помеѓу патниците и компаниите на трети страни. Контактирајте директно со нив повикувајќи се на својата потврдувачка шифра и бројот на ваучерот. Деталите за контакт може да се најдат во е-поштата за потврда на летот, примена за време на резервирањето.
- ГРУПНА РЕЗЕРВАЦИЈА
Како да резервирам карти за група?
Доколку сакате да направите резервација за група помеѓу 25 и 75 патници и најмалку 15 дена пред поаѓање можете да пребарувате летови и да резервирате преку интернет на wizzair.com. Треба да се регистрирате и да се пријавите за да пристапите до моделот на групна резервација. Целосната исплата е задолжителна во времето на резервирање. Доколку датумот на поаѓање е за 14 дена од резервирањето, вашето барање ќе биде поднесено и ќе добиете понудена цена во рок од два работни дена.
Доколку сакате да направите резервација за група со повеќе од 75 патници, исто така, треба да се регистрирате и да се пријавите. Можете да ги избирате летовите и датумите и да го поднесете изборот преку интернет. Шалтерот за групи ќе ви понуди цена во рок од два работни дена. Оваа понуда важи пет дена, но не можеме да гарантираме дека седиштата сѐ уште ќе бидат достапни.
Кога треба да ги испратам имињата на патниците?
Имињата на патниците треба да се поднесат преку интернет на wizzair.com не подоцна од 72 часа пред поаѓањето. Имињата може да се поднесат само откако ќе се прими целосната уплата. Пред патувањето проверете дали сте добиле конечна е-пошта за потврда (со имињата на патниците), бидејќи може да не сме го примиле прилогот со имиња на патници и можеби ќе треба да платите такса за Промена на име за секој патник. Доколку не сте добиле е-пошта на два работни дена пред датумот на поаѓање, побарајте ја со контактирање на Повикувачкиот центар.
- ЦЕНИ ЗА ПРЕВОЗ И ПРОМОЦИИ
Резервирав вчера, но денес цените се поевтини. Како може да ја побарам назад разликата во цената?
Генерално, колку порано резервирате, толку цената ќе биде поевтина. Сепак, го задржуваме правото да воведеме промотивни цени помеѓу датумот на вашата резервација и датумот на патувањето (таквата промоција може да влијае на маршрутата за која сте направиле резервација пред почетниот датум на промоцијата). Воведувањето промотивни цени не ви дава за право да барате разлика во цената помеѓу вкупната цена за превоз, што сте ја платиле за резервацијата и вкупната промотивна цена.
Дали цената за превоз го вклучува и превозот на багажот?
Секое парче багаж што треба да се пријави е подложно на такса, по торба, по лет и по патник. Нашата цел е да обезбедиме конкурентни цени каде што се достапни опции на дополнителни услуги за дополнителни такси, само кога е потребно.
Како да бидам известен за специјални и промотивни цени?
Промотивните цени се нудат за ограничен број на седишта на специфични маршрути. За најновите случувања, ве поттикнуваме да ја проверувате нашата веб-локација и/или да се пријавите за Wizz билтен или за членство во Wizz Discount Club.
БАГАЖ
- ЧЕКИРАН БАГАЖ
Колку багаж може да пријавам?
Можете да пријавите до 6 парчиња багаж, што не надминуваат 32 кг поединечно. Секое парче багаж што треба да се пријави е подложно на такса за багаж, којашто се плаќа по торба, по лет и по патник. Првите три парчиња може да се купат преку интернет, а следните три на аеродром.
Бројот на торби што треба да се пријават мора да биде назначен и да биде платено за време на процесот на резервирање. Повеќе парчиња багаж може да се додадат подоцна, преку интернет или преку Повикувачкиот центар. Дополнителните парчиња чекиран багаж купени на аеродромот ќе бидат подложни на повисока такса за багаж. Износот ќе зависи од тоа дали е купен на шалтерот за пријавување или принудени сме да пријавиме преголема или претешка рачна торба на портата за качување во авионот.
Доколку со вашиот лет управува Wizz Air Украина (код на авиокомпанија WAU) првото парче чекиран багаж за во склад се превезува бесплатно. Секое следно парче багаж што треба да се пријави е подложно на такса за багаж, којашто се плаќа по торба, по лет и по патник. Второто и третото парче може да се купат преку интернет, а следните три на аеродром.
Бројот на торби што треба да се пријават мора да биде назначен и да биде платено за време на процесот на резервирање. Повеќе парчиња багаж може да се додадат подоцна, преку интернет или преку Повикувачкиот центар. Дополнителните парчиња чекиран багаж купени на аеродромот ќе бидат подложни на повисока такса за багаж. Износот ќе зависи од тоа дали е купен на шалтерот за пријавување или принудени сме да пријавиме преголема или претешка рачна торба на портата за качување во авионот.
Доколку се пријави помалку багаж, таксата за багаж не се надоместува.
Резервирав повратен лет, но сакам да носам багаж само во еден правец. Како да додадам багаж само за една маршрута?
За жал, поради технички ограничувања, не е можно да се купи чекиран багаж преку интернет само во еден правец. Чекиран багаж за во еден правец може да се купи преку Повикувачкиот центар, затоа контактирајте со нашите колеги кои ви стојат на услуга нон-стоп.
Веќе имам резервација. Како да купам дополнителни парчиња багаж?
Може да додадете багаж кон резервацијата преку нашата веб-локација и преку Повикувачкиот центар. Доколку купите дополнителни торби на аеродром, забележете дека важи повисока такса за багаж.
Дали може да добијам надоместок за неискористената такса за чекиран багаж?
Доколку патникот пријави помалку багаж од платеното, таксата за багаж не се надоместува.
Што да направам ако багажот се оштети за време на патувањето?
По пристигнувањето пополнете извештај за штета, пред да заминете од транзитната област, потоа однесете го багажот на поправка, земете сметка, а ние ќе го покриеме трошокот за поправката. Доколку багажот не може да се поправи, земете пишана потврда од работилницата за поправка, што ќе ги назначува типот и вредноста на багажот. Ќе ви биде дадено писмо со упатства по пријавување на проблемот на аеродром. Следете ги упатствата соодветно.
Што да направам доколку ми се загуби багажот?
Агентот за управување ќе ви даде извештај за задоцнувањето на багажот, што може да се користи како осигурување/барање, доколку е потребно. Проверете дали вредноста на багажот е назначена во извештајот. Ќе ви биде даден референтен број, што мора да се користи во секој контакт што ќе го остварите со нас. Ќе ви биде дадено писмо со упатства по пријавување на проблемот на аеродром. Следете ги упатствата соодветно.
- КАБИНСКИ БАГАЖ
КОИ СЕ ДИМЕНЗИИТЕ НА КАБИНСКИОТ БАГАЖ?
1. Мала кабинска торба:
- Ако кабинската торба има димензија 42х32х25 см или е помала може да се внесе во авионот бесплатно. Таа мора да се смести под седиштето пред Вас .
2. Голема кабинска торба:
Ако Кабинскиот багаж е поголем од димензиите на мала кабинска торба, но не преминува димензија од 56 x 45 x 25 см, може да се внесе во авионот со наплата на 600 MKD. Таа мора да се смести во горниот кабински багажник . Патникот мора да е во состојба сам и без помош од некого да ја стави торбата во горниот кабински багажник .
Багажот и големиот кабински багаж се плаќа поскапо во сезона.
Може ли да носам течност во рачниот багаж?
Течностите во кабинскиот багаж се подложни на следните владини ограничувања:
-
Течноста е во сад со максимален волумен од 100 ml
-
Сите садови со течност што го исполнуваат максималниот волумен од 100 ml можат удобно да се сместат во провидна пластична кеса од 1 литар, што може повторно да се затвори, со димензии 20cmx20cm.
-
Пластичната кеса треба да се прикаже одделно кај безбедносната контрола
Кај безбедносната контрола ќе мора да се ослободите од течностите што не ги исполнуваат горенаведените барања.
- СПЕЦИЈАЛЕН БАГАЖ, НЕОБИЧНИ ПРЕДМЕТИ И ЖИВОТНИ
Како може да носам кршливи предмети (на пр. алати, апарати и кујнски уреди, материјали за кои е потребна посебна нега) или предмети со невообичаена форма или големина?
Треба да нѐ информирате за вашата намера да носите некои од горенаведените предмети за време на резервирањето, преку Повикувачкиот центар. Дозволено е да носите такви предмети само со наша согласност. Доколку сакате да носите посебен предмет со вас, треба да платите такса за посебно ракување.
Доколку не успеете да го пријавите преносот на гореспоменатите предмети, истиот може да ви биде одбиен и/или ние нема да бидеме одговорни за загуба, уништување, одложување и оштета на таквите предмети.
Како може да носам музички инструмент?
Треба да купите дополнително седиште (по цена за возрасен) за тој багаж под претпоставка дека може безбедно да се смести во авионот. Резервациите преку интернет може да се направат внесувајќи го презимето на патникот како семејно презиме и назначувајќи „EXST“ како име.
Забележете дека инструменти поголеми од виолончело (пр. двоен бас, харфа итн.) мора да се пријават со ознака за ограничено издавање. Овие инструменти се премногу големи и тешки за да се сместат на седиште.
Доколку инструментот, вклучувајќи ја и футролата, не ги надминува димензиите 56x45x25 cm за дополнителен надомест) и 10 кг може да се внесе како кабински багаж. Забележете дека музичкиот инструмент може да ви биде единствениот кабински багаж.
Како може да носам опрема за скијање?
Превозот на спортска опрема е подложен на такса за спортска опрема и мора да биде назначен и да се плати за време на процесот на резервирање.
Багажот што е оштетен, кршлив, гломазен, несоодветно спакуван, со задоцнето пријавување или преголем, ќе се прими за превоз со ознака за багаж „Ограничено издавање“ и Wizz Air не прифаќа одговорност за таквите предмети.
За барањата за пакување прочитајте ги Корисните информации.
Може ли да носам лекови во чекираниот багаж?
Чекираниот багаж не смее да содржи лекови. Сепак, смеете да носите лек што е потребен за време на летот во кабинскиот багаж. Погледнете ги безбедносните регулативи за носење течност во авионот.
Дали на летовите на Wizz Air може да го носам мојот миленик?
Wizz Air не превезува живи животни освен кучиња-помошници што патуваат заедно со патниците со посебни потреби и ги имаат документите наведени во регулативите на Земјите што учествуваат во превезувањето и ги почитуваат условите на тие регулативи.
ПРИЈАВУВАЊЕ
- ПРИЈАВУВАЊЕ ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ
Се обидов да се пријавам преку интернет, но не работи. Што треба да направам?
Пријавувањето на аеродром е достапно од 14 дена до 3 часа пред закажаното време на поаѓање на летот. Проверете дали на аеродромот на поаѓање е достапна услугата пријавување преку интернет (кликнете тука за да го видите целиот список на аеродроми). Доколку не е, можете бесплатно да се пријавите на аеродромот.
Во секој друг случај, контактирајте со Повикувачкиот центар.
Резервирав дополнително седиште за виолончелото. Може ли да го пријавам преку интернет?
Да. Треба да го пријавите виолончелото со истите детали за патничките документи како вашите.
Може ли да направам промени на резервацијата или да купувам услуги по пријавувањето?
Да, тоа е можно (освен промена на лет, промена на име) до 3 часа пред закажаното време на поаѓање, но во случај да додавате WIZZ Xpress, WIZZ XXLong или WIZZ Reserved Seat кон резервацијата, мора повторно да ја испечатите картата за влез во авион или да продолжите до шалтерот за пријавување на аеродромот за да добиете налепница што ги назначува промените на постоечката карта.
Треба ли да го пријавам бебето?
Патниците кои патуваат со мало дете мора да ја испечатат картата за влегување во авион на малото дете и да ја покажат на портата за качување во авион.
Како да го пријавам багажот на аеродром кога веќе го пријавив преку интернет?
Доколку патувате со чекиран багаж мора да се појавите на шалтерот за оставање багаж, не подоцна од 40 минути пред поаѓањето на летот. Доколку не ја покажете испечатената карта за влез во авион, потребно е да платите такса за пријавување на аеродром за да ви ја испечатат картата на шалтерот за пријавување.
- ПРИЈАВУВАЊЕ НА АЕРОДРОМ
Треба ли да платам за пријавување на аеродром?
Доколку услугата за пријавување преку интернет сѐ уште не е достапна на аеродромот на поаѓање, пријавувањето на аеродромот ќе биде бесплатно сѐ до оспособувањето на услугата.
Пријавувањето на аеродром може да се купи во моментот на резервирање или подоцна користејќи ја опцијата „Додај услуги“ на страницата менување резервација или преку Повикувачкиот центар. Пријавувањето на аеродром е подложно на такса, којашто се плаќа по патник и по лет. Пријавувањето на аеродром што се купува на аеродромот е подложно на повисока такса.
Што се случува на шалтерот за пријавување?
Агентот за пријавување ќе побара да се идентификувате, да ги покажете потврдувачката шифра и важечките патнички документи. Пријавениот багаж ќе се измери и ќе се испрати во складот за багаж во авионот. На крај ќе ви биде издадена карта за качување во авион.
Треба ли да го испечатам планот на патување и да го поднесам за време на пријавувањето?
Иако не ви е потребна таа страница при пријавувањето, ве поттикнуваме да ја испечатите за сопствена препорака.
- ПАТНИЧКИ ДОКУМЕНТИ
Кои документи ми се потребни за да патувам со Wizz Air?
Wizz Air бара сите патници да обезбедат неопходни и важечки патнички документи при пријавувањето и да ги почитуваат барањата на земјата од којашто се полетува, прелетува или на земјата на слетување. Wizz Air нема да биде одговорен за кои било последователни сродни трошоци, доколку на патникот му се одбие влезот во земјата, поради неточен пасош или виза.
Пасошот ќе ми истече пред повратниот лет. Што треба да направам?
Доколку сѐ уште немате потврдена резервација, препорачуваме да ги резервирате појдовниот и повратниот лет во две различни резервации. Во тој случај можете да користите два различни патнички документи при пријавувањето.
Во случај веќе да имате потврдена резервација, контактирајте со Повикувачкиот центар.
WIZZ СМЕТКА
- МОЈ ПРОФИЛ
Како може да се регистрирам?
За регистрирање посетете го wizzair.com и кликнете „пријава“.
Не можам да пристапам до мојот WIZZ профил. Зошто не можам да се најавам?
Можно е да сте се регистрирале во минатото и да има повеќе постоечки WIZZ Сметки со истата адреса на е-пошта, коишто се блокираат меѓусебно. Во тој случај контактирајте со Повикувачкиот центар и тие можат да ги соединат сметките во една.
Ја заборавив лозинката. Што треба да направам?
Одете на wizzair.com и кликнете „Совет“ под полето за пријава. Треба да ја наведете регистрираната адреса на е-пошта за да добиете потсетник за лозинката. Нема потреба да контактирате со Повикувачкиот центар, бидејќи тие не можат да ви ја дадат таа информација од безбедносни причини.
Не можам да си ја најдам резервацијата во мојата корисничка сметка. Зошто?
Можеби не сте биле пријавени за време на процесот на резервирање. Можете да пристапите до вашата резервација ако се одјавите и кликнете на менување резервација.
Што да правам ако за време на регистрацијата сум згрешил?
Можете да ги поправите грешките ако се најавите и кликнете „Ажурирање на личните податоци“, освен името, насловот, е-поштата за пријава и датумот на раѓање. Овие детали може да се поправат само преку Повикувачкиот центар.
Зошто не добив фактура за мојата резервација?
Забележете дека доколку сте ја направиле резервацијата од салдото на својата WIZZ Сметка, не се креира фактура.
- ДОПОЛНУВАЊЕ НА WIZZ СМЕТКА
Што е дополнување на WIZZ сметка?
Дополнувањето на WIZZ Сметка е механизам за вложување пари на вашата WIZZ Сметка и посебно е насочено кон честите корисници на летови. Вашето салдо може да го користите за резервирање кое било седиште или помошна услуга со Wizz Air, вклучувајќи ги и промотивните седишта.
По регистрирањето со wizzair.com добивате десетцифрен број на WIZZ Сметка. За повеќе информации прочитајте ги
Условите и правилата на Wizz Сметка.
Како да ставите пари на Wizz Сметката?
За да ставите пари на својата Wizz Сметка повикајте го нашиот Повикувачки центар
- WIZZ Discount Club
Што е Wizz Discount Club?
Wizz Discount Club ви нуди ексклузивен пристап до промотивни карти, што може да се поевтини и до 10 EUR по лет во еден правец од редовните цени. Забележете дека промотивните карти на Wizz Discount Club се подложни на достапност. За вистинските попусти и достапноста секогаш проверете на wizzair.com или повикајте го Повикувачкиот центар.
Цените за карта на Wizz Discount Club важат и за придружните патници само во случај кога членот на Клубот е патник во таа резервација и резервацијата не надминува 10 патници (вклучувајќи го членот на Клубот и децата, но без малите деца).
Ако членот на Клубот не патува со истата резервација, цените со попуст не се достапни за другите патници. Бројот на седишта по назначената цена на Wizz Discount Club се подложни на достапност.
Како да купам членство во Wizz Discount Club?
Следете ги овие едноставни чекори:
1. Пријавете се на сопствениот профил на Wizz Air. Доколку не сте регистрирани кај Wizz Air, регистрирајте се тука наведувајќи ги личните детали и адресата на е-пошта.
Доколку не сакате да ги пропуштите специјалните зделки и понуди, не заборавајте да се пријавите за Wizz Билтен!
2. Можете да се регистрирате за член на Wizz Discount Club заедно со резервацијата, плаќајќи ја таксата за членство во Клубот. Доколку сакате да бидете Член или членството ви истекло, следниот пат кога ќе резервирате карти за лет, изберете ја опцијата „Претплата во Wizz Discount Club“ и започнете да уживате во попустите што ги нуди Клубот.
3. Кога плаќате за резервацијата ја плаќате и таксата за членство во Клубот и сѐ до истекување на членството можете да уживате во придобивките од Клубот.
4. Мора да сте најавени за да пристапите до цените на Wizz Discount Club, инаку нашиот систем не може да ве идентификува и не можете да ги изберете цените со попуст. .
Секојпат кога се најавувате на страницата на својот профил, ќе можете да ги гледате информациите за корисничката сметка, како што се неодамнешните резервации или датумот на истекување на членството во Wizz Discount Club.
За да ги прочитате условите и правилата на Wizz Discount Club кликнете тука.
КОНТАКТ
- ПОВИКУВАЧКИ ЦЕНТАР
Како да контактирам со Повикувачкиот центар?
Погледнете ја страницата контактирајте нѐ за детални информации и за телефонските броеви.
Не можам да контактирам со Повикувачкиот центар. Дали бројот е важечки?
Повикувачкиот центар на Wizz Air е достапен преку броевите по првокласна цена. Имаме посебен број за секоја земја каде што работиме. Првокласните броеви може да се повикаат само во земјата. Пристапот до броевите по првокласна цена може да е блокиран за определени линии. Доколку се сомневате повикајте го вашиот давател на услуга.
- ЖАЛБИ
Како можам да поднесам барање?
Пополнете го образецот за барање и особено внимавајте при изборот на релевантната категорија.