Колачиња за сајтот на Wizz Air

Користиме колачиња за да бидеме сигурни дека ќе имате најдобро доживување на нашиот сајт. Ако продолжите да го разгледувате сајтот на Wizz Air без да ги смените поставките за колачињата, ќе претпоставиме дека се согласувате да ги примате сите колачиња од сајтот на Wizz Air. Можете да ги смените поставките за колачињата во секое време. Повеќе информации има во Политиката за колачињата.

WizzAir

Wizz

Внесете го корисничкото име (адреса на е-пошта). Новата лозинка ја испративме на вашата регистрирана адреса на е-пошта.


Регистрирај

резервација за деца

мали деца

Мали деца до 2 години може да летаат со такса за мало дете, во скутот на полнолетен придружник. На еден придружник дозволено е само едно мало дете. Таксата за мало дете може да се плати преку интернет за време на процесот на резервација или преку Повикувачкиот центар. На таксата за мало дете не се додава данок и такса за резервација. Малите деца немаат право на багаж со исклучок на количката (се носи бесплатно). Седиштето за во кола за мали деца не може да се внесе во авион.

Wizz Air моментално наплаќа 25 евра за лет во еден правец за транспорт на мали деца. Сепак, од сега натаму, доколку цената за карта во еден правец на придружникот е пониска од 25 евра, истиот износ ќе важи за таксата за мало дете. Доколку цената за карта во еден правец на придружникот е повисока од 25 евра, тогаш таксата за мало дете останува 25 евра.

Малите деца мора да бидат на возраст под две години како на поаѓање така и на враќање. Доколку малото дете достигне возраст од две години по поаѓањето, а пред враќањето од патувањето, мора да се купи седиште. За деца постари од две години не е дозволено да патуваат на картата на полнолетниот придружник.

деца

Деца на возраст од 2 до 14 години се резервираат како деца но мора да имаат сопствено седиште и да платат цена за возрасен

Wizz Air прифаќа групно патување за деца, под услов да има минимум еден возрасен придружник (на возраст од 16 години или постар) на десет деца.

Децата помали од 14 години може да летаат доколку се придружувани од возрасен со најмалку 16 години, кој ќе преземе целосна одговорност за детето.

Патниците на возраст помеѓу 14 и 15 години може да патуваат сами, но не може да бидат одговорни за дете помало од 14 години.

Резервацијата за придружникот мора да биде иста како и за детето. Доколку седиштето на детето на летот е резервирано посебно од придружникот, двете резервации мора да бидат под исто име и адреса на клиентот.

Децата постари од 14 години може да патуваат сами со летови на Wizz Air.

Важно соопштение за жителите на Романија на возраст под 18 години

Специјални услови важат за жителите на Романија на возраст под 18 години.

Согласно романскиот закон бр. 248 од 2005 [што се однесува на слободно движење на романските граѓани во странство], романските граѓани помали од 18 години може да патуваат во странство само ако ги придружуваат двајцата родители или еден родител/еден возрасен и ако ја имаат потребната документација.

Wizz Air ќе одбие превоз на патници кои нема да ја достават потребната документација.

Информирајте се за формалностите пред патувањето.

Процедура за напуштање на територијата на Украина за деца жители на Украина.

Лицата на возраст под 16 години кои се жители на Украина може да ги поминат границите на Украина, со согласност од двајцата родители (посвоители, негуватели), со нивна придружба или со придружба на овластено лице. Децата ќе имаат важечки странски пасош или детски документ за патување или ќе бидат внесени во странскиот пасош на родителот (во случај да патуваат заедно).

Кога жители на Украина на возраст под 16 години, излегуваат од територијата на Украина, придружувани од едниот родител или од лице овластено од едниот родител, а другиот родител не е присутен на граничниот премин, мора да се покаже согласност од другиот родител заверена на нотар, со наведена дестинација и време на патување.

Согласност заверена на нотар од другиот родител не е потребна во следниве случаи:

  • Кога другиот родител, кој не е присутен на граничниот премин, е странски државјанин или е лице без државјанство, што треба да биде наведено во изводот од матична книга на родените на детето.
  • Кога жителот на возраст под 16 години има белешка во неговиот пасош дека засекогаш ја напушта Украина или дека е регистриран во Украинскиот конзулат во странство.

Исто така, нема потреба од согласност од другиот родител заверена на нотар доколку се покажат следните документи или нивните копии заверени на нотар:

  • Посмртница на другиот родител,
  • Судско решение за лишување на родителските права од другиот родител,
  • Судско решение кое назначува дека другиот родител се води како исчезнат,
  • Судско решение кое назначува дека другиот родител е онеспособен,
  • Судско решение кое му дозволува на детето да ја напушти територијата на Украина без согласност и без присуство на другиот родител,
  • Извод од матична книга на родените на детето со најава дека информацијата за таткото е внесена според акт 1 член 135 од Законот за семејство на Украина (кога детето е придружувано од самохрана мајка),

Лицата на возраст под 16 години кои се жители на Украина може да ги поминат границите на Украина, придружувани од лица овластени од двајцата родители со согласност заверена на нотар, наведувајќи ја дестинацијата и времето на патување.

Деца кои не се жители на Украина и лица постари од 16 години можат без ограничување да излезат од територијата на Украина.