Колачиња за сајтот на Wizz Air

Користиме колачиња за да бидеме сигурни дека ќе имате најдобро доживување на нашиот сајт. Ако продолжите да го разгледувате сајтот на Wizz Air без да ги смените поставките за колачињата, ќе претпоставиме дека се согласувате да ги примате сите колачиња од сајтот на Wizz Air. Можете да ги смените поставките за колачињата во секое време. Повеќе информации има во Политиката за колачињата.

Wizz Air

Wizz AirWizz

Внесете го корисничкото име (адреса на е-пошта). Новата лозинка ја испративме на вашата регистрирана адреса на е-пошта.


Регистрирај

УПАТСТВО ЗА ПОПОЛНУВАЊЕ НА ИНФОРМАЦИИТЕ ЗА КОНТАКТ И НАПЛАТА
ЗА АВИОНСКИТЕ БИЛЕТИ НА WIZZ AIR HUNGARY

Овој документ е наменет за упатство во врска со електронските сметки што се издаваат за авионските билети на Wizz Air Hungary.

Информациите внесени во полињата на страницата за информации за контакт на страницата на интернет ќе служат како основа за подготовката на сметката од страна на Wizz Air Hungary. Тие информации (име, адреса, даночен број - ако е потребен) одредуваат кој ќе биде наведен како купувач на сметката. Имајте предвид дека кога ќе го затворите резервирањето, можеме да ги смениме тие информации само со „ Надомест за менување сметка“ за 5 EUR или еквивалентен износ. Затоа треба да решите уште при резервирањето дали патувањето ќе Ви го плати фирмата. Во тој случај, пополнете ги информациите за фирмата за време на резервирањето, за да може сметката да се издаде на име на Вашата фирма.

ПРИВАТНИ ЛИЦА

  • Ако патувате приватно, наведете ги своите лични податоци во полињата за име и адреса на страницата со информации за контакт и сметката ќе се издаде на Вашите име и адреса.
  • Ако сте регистриран корисник на Wizz Air, податоците за контакт автоматски ќе се пополнат со податоците што сте ги поднеле при регистрацијата. Можете да дополните податоци на страницата со информации за контакт за време на резервирањето, ако е потребно.

КОГА ПЛАЌА ФИРМАТА

  • Ако трошоците за патувањето ќе ги плаќа фирма, треба да кликнете на квадратчето за штиклирање „I request invoice for a different address“ (Барам сметка на друга адреса). Ако квадратчето е штиклирано, можете да ги вметнете името, адресата и даночниот број (опционално) на фирмата. Штом ќе го направите тоа, ќе ги употребиме тие - и само тие - податоци за резервацијата и сметката ќе се издаде со користење на тие податоци.
  • Имајте предвид дека можеме да испечатиме најмногу 45 знаци во полето „Име на фирмата“ на сметката, затоа скусете го името на фирмата ако е подолго од 45 знаци.

Кој и да е клиентот (Вие или Вашата фирма), не внесувајте информации за адресата во полињата „Име на фирмата“ и „Даночен број на фирмата“! Исто, не внесувајте информации за градот, поштенскиот број или земјата во полето „Поштенска или адреса за наплата“ - има посебни полиња за информации за градот, поштенскиот број и земјата!

Иако на сите патници им се нуди да плаќаат со друга валута освен валутата на резервацијата, сметката ќе се издаде со оригиналната валута на резервацијата (односно, не валутата за плаќање).

Можеме да издадеме само една сметка за една резервација не можеме да ги делиме резервациите за издавање сметки. Ако Ви треба да се издадат две или повеќе сметки на име на двајца или повеќе патници (или на нивните фирми), ќе треба да направите посебни резервации за секого. Меѓутоа, сите последователни измени на резервацијата (на пр. купувањето дополнителни услуги) ќе се фактурираат посебно.

Ако сакате да ги смените деталите за наплата (име, адреса, даночен број) откако ќе ја затворите резервацијата, можеме да извршиме такви промени само со надомест од 5 EUR за една измена. Барајте такви промени во нашиот телеофнски центар, најдоцна шест месеци по датумот на летот - потоа не се можни промени.

Wizz Air Hungary праќа електронски сметки за секоја резервација на адресата за е-пошта дадена на резервацијата. Електронските сметки се праќаат на адресата за е-пошта на клиентот од адресата invoicing@wizzair.com.

Ако поради нешто Ви треба хартиена копија на сметката, побарајте од нашиот телефонски центар. Надоместот за правење и испраќање хартиена сметка е 3 EUR или соодветна сума. Ако се случи да сте побарале да Ви се испрати хартиена копија на сметката, а не сте ја добиле за 2-3 недели, известете го нашиот телефонски центар. Најдоцна што можете да побарате сметка е шест месеци по датумот на летот.

Знајте дека Wizz Air издава сметки само за сумата за авионскиот билет. Ако ви треба потврда или сметка за други услуги што сте ги платиле заедно со авионскиот билет, но не ги пружа Wizz Air (на пр. патничко осигурување, автобуски или такси превоз, аеродромска такса), контактирајте со давателите на услугите директно. Информации за контакт со тие даватели на услуги можете да најдете на нашата страница на интернет во делот Информации/Услуги.

Знајте и дека Wizz Air ќе Ви издаде сметка само за авионските билети што сте ги купиле директно од нас. Ако сте резервирале во туристичка агенција, сметката за авионскиот билет ќе треба да Ви ја издаде агентот.

Ако дојде до проблеми со сметката, барањето може да се реши на два начина:

  • Поднесување преку интернет: http://wizzair.com/mk-MK/Claims (со избирање „ Барања за фактура “ во полето за предмет)
  • Или контактирајте со телефонскиот центар на Wizz Air како што е наведено на нашата страница на интернет (wizzair.com). Имајте предвид дека контактирањето со телефонскиот центар се наплаќа дополнително, како што е објавено на нашата страница на интернет.

Наша цел е да го решиме Вашето барање и да Ви одговориме во рок од 30 дена по поднесувањето на барањето.

ИНФОРМАЦИИ ЗА ТЕХНОЛОГИЈАТА И УНГАРСКИТЕ ПРАВНИ ПРОПИСИ ВО ВРСКА СО ЕЛЕКТРОНСКИТЕ СМЕТКИ

Wizz Air Hungary издава електронски сметки и ги испраќа на клиентите по е-пошта.


"Датотеката PDF приложена на оваа порака е електронската оригинална сметка издадена од Wizz Air Hungary. Врз основа на односните унгарски правни прописи (2001/XXXV Закон за електронски потпис; 2000/C Закон за сметководство; 46/2007. Декрет на Министерството за финансии), фирмите имаат право да издаваат сметки електронски."

Електронската сметка е датотека со специфичен формат што ја содржи сликата на традиционалните сметки што ги издава Wizz Air Hungary како PDF-документ (во согласност со унгарските барања за форматот на сметките како што е одредено во Законот за ДДВ 2007/CXXVII) и (во датотеката PDF) напреден електронски потпис и временска ознака на сметката креирани со технологијата PKI (Public Key Infrastructure), согласно со унгарските прописи наведени погоре.

Потписот е направен во име на Wizz Air Hungary и содржи „квалификуван деловен сертификат“ или квалификуван издавач на сертификати ангажиран за таа цел од страна на Wizz Air Hungary. Датотеката на електронската сметка ги содржи сите потребни информации за да се потврди сертификатот приложен со потписот и временската ознака на сметката.

Примателот има обврска да ја чува електронската сметка во електронски формат, слично како хартиените сметки, ако сметката се користи за сметководствени цели.

За да пристапите до електронската сметка и да ги проверите потеклото и веродостојноста, треба да инсталирате Adobe Reader 9 или понова верзија.
Контактирајте со Вашиот системски администратор ако наидете на проблеми со инсталацијата.