WizzAir

Wizz

Македонски

Прво добијте ја резервацијата, користејќи го бројот за потврда на резервација и презимето.

Исто така, може да се пријавите за да пристапите и да управувате со сите ваши резервации!

Прво добијте ја резервацијата, користејќи го бројот за потврда на резервација и презимето.

Исто така, може да се пријавите за да пристапите и да управувате со сите ваши резервации!

Внесете го корисничкото име (адреса на е-пошта). Новата лозинка ја испративме на вашата регистрирана адреса на е-пошта.


Регистрирај

багаж

Од 24 Октомври Wizz Air лансира нова Политика за Кабински Багаж низ целата своја оперативна мрежа * за да ги поттикне своите патници да внесуваат помал багаж во авионот со што ќе се овозможи процесот на влегување во авионот да биде побрз и полесен.
(*Новата политика не важи за летовите до и од Украина, со исклучок на Будимпешта-Киев и Лондон Лутон-Киев. Политиката не важи за летовите на Wizz Air Украина (WAU))


Погледнете го видеото за новата политика за кабински багаж


Строгата политика на Wizz Air “ само една кабинска торба по патник” останува непроменета.

Која е разликата помеѓу типовите на кабински багаж? – ДИМЕНЗИИ!

1. Мала кабинска торба:
- Ако кабинската торба има димензија 42х32х25 см или е помала може да се внесе во авионот бесплатно. Таа мора да се смести под седиштето пред Вас .

2. Голема кабинска торба:
Ако Кабинскиот багаж е поголем од димензиите на мала кабинска торба, но не преминува димензија од 56 x 45 x 25 см, може да се внесе во авионот со наплата на 600 MKD. Таа мора да се смести во горниот кабински багажник . Патникот мора да е во состојба сам и без помош од некого да ја стави торбата во горниот кабински багажник .
Багажот и големиот кабински багаж се плаќа поскапо во сезона.

Повеќе информации

ДОЗВОЛЕН БАГАЖ

На секој патник му е дозволено да носи:

Едно парче кабински багаж

и

До 6 парчиња чекиран багаж за складирање, што не надминуваат 32 кг поединечно.

Износот на таксата за багаж се пресметува во однос на закажаното време и датумот на летот.
Категории за време на летот:
Закажаното време на летот е помало од 1 час и 50 минути.
Закажаното време на летот е 1 час и 50 минути или повеќе, но помалку од 2 часа и 40 минути.
Закажаното време на летот е помало 2 часа и 40 минути или повеќе.

Закажаното време на летот е разликата помеѓу закажаното време на пристигнување и закажаното време на поаѓање адаптирано на локалната временска разлика. Во случај на повратна резервација, закажаното време на лет во првата фаза ќе се примени на двете фази на летот.
Кога резервирате на wizzair.com или преку Повикувачкиот центар, автоматски важат правилата погоре. Применливата такса за багаж преку интернет, конвертирана во избраната валута ќе се прикаже во моментот на резервирање на багажот.

Доколку со вашиот лет управува Wizz Air Унгарија:

Секое парче багаж што треба да се пријави е подложно на такса за багаж, којашто се плаќа по торба, по лет и по патник. Првите три парчиња може да се купат преку интернет, а следните три на аеродром.

Бројот на торби што треба да се пријават мора да биде назначен и да биде платено за време на процесот на резервирање. Повеќе парчиња багаж може да се додадат подоцна, преку интернет или преку повикувачкиот центар. Дополнителните парчиња чекиран багаж купени на аеродромот ќе бидат подложни на повисока такса за багаж. Износот ќе зависи од тоа дали е купен на шалтерот за пријавување или принудени сме да пријавиме преголема или претешка торба на портата за качување во авионот.

Доколку со вашиот лет управува Wizz Air Украина (код на авиокомпанија WAU):

Првото парче чекиран багаж за во склад се пренесува бесплатно. Секое следно парче багаж што треба да се пријави е подложно на такса за багаж, којашто се плаќа по торба, по лет и по патник. Второто и третото парче може да се купат преку интернет, а следните три на аеродром.

Бројот на торби што треба да се пријават мора да биде назначен и да биде платено за време на процесот на резервирање. Повеќе парчиња багаж може да се додадат подоцна, преку интернет или преку повикувачкиот центар. Дополнителните парчиња чекиран багаж купени на аеродромот ќе бидат подложни на повисока такса за багаж. Износот ќе зависи од тоа дали е купен на шалтерот за пријавување или принудени сме да пријавиме преголема или претешка торба на портата за качување во авионот.

Доколку се пријави помалку багаж, таксата за багаж не се надоместува.

назад на врвот

КАБИНСКИ БАГАЖ

Од 24 Октомври Wizz Air лансира нова Политика за Кабински Багаж низ целата своја оперативна мрежа * за да ги поттикне своите патници да внесуваат помал багаж во авионот со што ќе се овозможи процесот на влегување во авионот да биде побрз и полесен.
(*Новата политика не важи за летовите до и од Украина, со исклучок на Будимпешта-Киев и Лондон Лутон-Киев. Политиката не важи за летовите на Wizz Air Украина (WAU))


Погледнете го видеото за новата политика за кабински багаж


Строгата политика на Wizz Air “ само една кабинска торба по патник” останува непроменета.

Која е разликата помеѓу типовите на кабински багаж? – ДИМЕНЗИИ!

1. Мала кабинска торба:
- Ако кабинската торба има димензија 42х32х25 см или е помала може да се внесе во авионот бесплатно. Таа мора да се смести под седиштето пред Вас .

2. Голема кабинска торба:
Ако Кабинскиот багаж е поголем од димензиите на мала кабинска торба, но не преминува димензија од 56 x 45 x 25 см, може да се внесе во авионот со наплата на 600 MKD. Таа мора да се смести во горниот кабински багажник . Патникот мора да е во состојба сам и без помош од некого да ја стави торбата во горниот кабински багажник .
Багажот и големиот кабински багаж се плаќа поскапо во сезона.

(If your flight is operated by Wizz Air Ukraine (airline code WAU):
Passengers are allowed to carry only one piece of hand baggage with the maximum dimensions 56x45x25 and not exceeding 10 kilograms.)

Дополнително, патниците можат да ги носат предметите наведени подолу:

  • палто или ќебе
  • мобилен телефон
  • нешто за читање на летот
  • за деца на возраст под две години: храна, количка за дете што се склопува или мала корпа
  • пар штаки за лица со физички инвалидитет

Доколку димензиите на рачниот багаж ги надминуваат утврдените ограничувања, багажот ќе се пренесе како чекиран багаж и ќе се наплати такса за багаж.

На патниците што носат повеќе од едно парче кабински багаж нема да им биде дозволено да поминат низ безбедносната проверка и ќе мора да се вратат до шалтерот за пријавување или да се ослободат од дополнителните парчиња рачен багаж.

Течностите во кабинскиот багаж се подложни на следните владини ограничувања:

  • Течноста е во сад со максимален волумен од 100 ml
  • Сите садови со течност што го исполнуваат максималниот волумен од 100 ml можат удобно да се сместат во провидна пластична кеса од 1 литар, што може повторно да се затвори, со димензии 20cmx20cm.
  • Пластичната кеса треба да се прикаже одделно кај безбедносната контрола

Кај безбедносната контрола ќе мора да се ослободите од течностите што не ги исполнуваат горенаведените барања.

назад на врвот

чекиран багаж

Поради безбедносни причини - Wizz Air не пренесува багаж,ако сопственикот не е качен во авионот (освен погрешно поставен багаж).

Максималните димензии за едно парче багаж за да го собере низ вратата за карго се:

Ширина: 1,499 m
Висина: 1,194 m
Должина: 1,715 m

Поради здравствени и безбедносни причини тежината на едно парче чекиран багаж не смее да надминува 32 килограми.

Патникот е должен да одговори на сите барања од безбедносните лица, доколку е потребно. Доколку багажот не се пренесе поради тоа што патникот не ги исполнил барањата на безбедносната контрола, Wizz Air нема да биде одговорен за какви било поврзани трошоци.

Чекираниот багаж ќе се пренесува, секогаш кога е можно, со истиот авион како и патникот што е сопственик на багажот. Доколку поради безбедносни или оперативни причини одлучиме да го пренесеме со друг лет, нема да бидеме одговорни за доцнењето на багажот. Со цел да се врати погрешно поставениот багаж до сопственикот во разумно време на достава, секој багаж мора да биде означен со името на патникот, иницијалите и адресата, пред да се предаде за носење. Детските колички и корпи се пријавуваат со останатиот багаж и се пренесуваат бесплатно.

Ако пријавенито багаж содржи некоја од следниве работи, Wizz Air нема да одговара за загуба, уништување, одложување или оштетување:

  • готовина, безбедности
  • накит, скапоцен метал, скапоцени и полускапоцени камења
  • компјутер, камера, видео камера, мобилен телефон и сите други електронски или технички уреди и нивните додатоци
  • официјални деловни или приватни документи
  • патнички документи или други документи за идентификација
  • клучеви
  • течност
  • лекови
  • уметнички дела
  • лесно расипливи предмети

Некои аеродроми може да имаат повеќе ограничувања за работите што може да се внесат како личен багаж или пријавен багаж. Во таков случај, правилата на аеродромот имаат предимство.

назад на врвот

спортска опрема

Превозот на спортска опрема е подложен на такса за спортска опрема и мора да биде назначен и да се плати за време на процесот на резервирање.

Внимателно прочитајте ги барањата за пакување подолу. Доколку тие барања не се исполнети, Wizz Air ќе го одбие превозот на тој предмет. Забележете дека wizz Air не обезбедува материјал за пакување. Сите предмети наведени подолу може да се носат само како пријавен багаж за во склад.

а) Опрема за скијање, сноуборд, опрема за сурфање, торби за голф, мора да се пријават во торба.

б) Стапови за скокање може да се прифатат само ако се спакувани во текстилни торби.

в) Велосипеди се прифаќаат само ако се спакувани во најлон кеси, тркалата и педалите се отстранети, а рачките се свртени паралелно. Може да бидат прифатени и ако се спакувани во картонска кутија, под услов гумите да се издишани.

г) Опремата за нуркање се прифаќа за превоз ако резервоарите за нуркање се празни, а изворот на енергија или сијалицата се отстранети и приклучокот е поставен во положба „ИСКЛУЧЕНО“.

д) Рогови и трофеи може да се пренесуваат само доколку патникот прикаже важечки ветеринарен сертификат.

Багажот што е оштетен, кршлив, гломазен, несоодветно спакуван, со задоцнето пријавување или преголем, ќе се прими за превоз со ознака за багаж „Ограничено издавање“ и Wizz Air не прифаќа одговорност за таквите предмети.

назад на врвот

специјален багаж што се носи во кабината

a) Кршливи и гломазни предмети, музички инструменти

За предмети што не може да се стават под седиштето или во одделот над главата, треба да се купи дополнително седиште по цена за возрасен за време на резервирањето. Резервацијата може да се направи преку интернет, внесувајќи „EXST“ во првото поле за име и презимето на патникот во последното поле за име.

б) Дипломатски багаж

Дипломатскиот багаж или кој било заклучен багаж мора да го придружува дипломатски носач во текот на целото патување и до/од авионот и мора да се пријави како дипломатски багаж. Дипломатскиот багаж секогаш мора да се носи како нечекиран багаж без разлика на големината, специјалните карактеристики и потребната процедура на специјално ракување. Доколку големината или карактеристиките на дипломатскиот багаж не дозволуваат да се носи во кабината, може да се однесе во складот за багаж, но ќе се смета за нечекиран багаж, бидејќи никогаш не смее да се превезува на одговорност на превозникот. Во тој случај, курирот треба да биде присутен во текот на целата постапки на утовар и истовар на дипломатската торба, бидејќи тој е одговорен за нејзиното пренесување.

c) Посмртни останки (пепел)

Превезување на пепел е дозволено под услов безбедно да е спакуван во соодветен сад. Пепелта може да се носи само како кабински багаж.

назад на врвот

Строго забранети предмети за носење

Некои предмети не се прифаќаат за носење, доколку:

  • е веројатно дека ќе го загрозат авионот, лицата или сопственоста
  • е веројатно дека ќе се оштетат за време на летот
  • се несоодветно спакувани
  • се забранети според кои било закони, регулативи или наредби од која било земја од која се поаѓа, пристигнува или прелетува
  • не се соодветни за превезување поради нивната тежина, големина или која било друга невообичаена карактеристика
  • е веројатно дека ќе предизвикаат непријатност или грозење кај патниците

Следните предмети се строго забранети за носење:

а) оружје, муниција и експлозиви, вклучувајќи оружје за лов или за спортски цели

б) кои било предмети или супстанции што изгледаат како оружје, муниција или експлозив

в) запаливи супстанции (освен: алкохолни пијалаци, лак за коса, парфем, тоалетна вода)

г) радиоактивни материјали

д) кондензиран гас (освен: CO2 што се користи за движење на вештачки екстремитети, резервоар или незапалив гас што се користи за надувување на појасот за спасување),

ѓ) отровни или инфективни супстанции

е) корозивни супстанции (освен: жива во термостати, барометри, акумулатор на инвалидска количка)

ж) актовки или кожни чанти од безбедносен тип со вградени алармни уреди, литиумски батерии или пиротехнички материјал

з) предмети и материјали што ја загрозуваат безбедноста, сопственоста, животот, здравјето и телесниот интегритет на патниците

ѕ) кој било материјал што е забранет според правилата и регулативите на земјите кои учествуваат во превозот

и) секој предмет што не е соодветни за превезување поради нивната тежина, големина или која било друга карактеристика

ј) остатоци од човечко тело

к) кој било предмет назначен во Техничките упатства за безбеден транспорт на опасни производи со авион на Меѓународната организација за цивилна авијација (ICAO-International Civil Aviation Organization) и во Регулациите за опасни производи на Меѓународната асоцијација за авиотранспорт (IATA-International Air Transport Association)

Доколку се обидете да понесете кој било од овие предмети, може да го одбиеме превезувањето на вашиот багаж.

назад на врвот

животни

Wizz Air не превезува живи животни освен кучиња-помошници што патуваат заедно со патниците со посебни потреби и ги имаат документите наведени во регулативите на Земјите што учествуваат во превезувањето и ги почитуваат условите на тие регулативи.

назад на врвот

неправилности на багажот - одложување, загуба, оштета, кражба

Неправилностите на багажот мора да се пријават по пристигнувањето на шалтерот „Загубен багаж“ или „Барање багаж“ што се наоѓа на аеродромот, во транзитната област. По пријавувањето, на патниците ќе им биде даден Извештај за неправилност на сопственост (PIR).

Доколку чекираниот багаж не пристигне со истиот лет како и сопственикот, а патникот не исполни извештај по пристигнувањето, Wizz Air се оградува од одговорност.

Доколку патникот го пријави задоцнувањето на чекираниот багаж по пристигнување, барањето на багажот ќе се изведе за 21 ден. Доколку во тој период багажот не се пронајде, Wizz Air ќе биде одговорен за загубата.

Доколку е невозможно да се препознае штетата или кражбата по пристигнувањето, извештајот мора да се направи на аеродромот во рок од 7 дена по пристигнувањето.

Доколку багажот не пристигне со истиот лет како и сопственикот, а е оштетен или украден, патникот мора да поднесе извештај на писмено во рок од 21 ден откако багажот ќе му биде врачен.

Wizz Air нема да биде одговорен за погрешно идентификуван багаж од страна на друг патник. Патникот што погрешно го идентификувал багажот е одговорен за сите трошоци, за двајцата патници.

Одговорноста за одложен, оштетен или украден багаж ќе се намали, доколку багажот не бил соодветно спакуван кога бил поднесен за пријавување. Штетата на рачниот багаж (вклучувајќи облека) мора да се пријави во авионот или најдоцна пред напуштање на транзитната област. По пријавувањето, на патникот ќе му биде даден Кабински извештај или PIR.

Барањата мора да се поднесат на писмено во рок од еден месец од пристигнувањето во крајната дестинација (тоа е последниот назначен аеродром во планот на патување), во Одделот за барања на Wizz Air или во осигурителната компанија доколку директно го поднесувате барањето.

За да ни помогнете побрзо да го обработиме вашето барање, поднесете копија од Кабинскиот извештај или Извештајот за несоодветност на сопственоста, што ви се дадени во авионот кога сте пријавиле задоцнување, оштета или кражба. Исто така, наведете ги деталите за контакт и банковната сметка, каде што би можело да се префрли компензација (доколку има).

Доколку не се поднесе барање во наведените рокови, нема да може да се покрене дејство против Wizz Air.

Жалбите (освен оние за багаж) мора да се поднесат на писмено во рок од еден месец по пристигнувањето на летот наведен во жалбата. Доколку не се поднесе жалба во наведениот рок, нема да може да се покрене дејство против Wizz Air.

Барањата и жалбите мора да се испратат до Односи со клиентите на Wizz Air.

Доколку треба директно да контактирате со нас, исполнете го и поднесете го следниот образец: барања.

назад на врвот