Колачиња за сајтот на Wizz Air

Користиме колачиња за да бидеме сигурни дека ќе имате најдобро доживување на нашиот сајт. Ако продолжите да го разгледувате сајтот на Wizz Air без да ги смените поставките за колачињата, ќе претпоставиме дека се согласувате да ги примате сите колачиња од сајтот на Wizz Air. Можете да ги смените поставките за колачињата во секое време. Повеќе информации има во Политиката за колачињата.

Wizz Air

Wizz AirWizz

Внесете го корисничкото име (адреса на е-пошта). Новата лозинка ја испративме на вашата регистрирана адреса на е-пошта.


Регистрирај

WIZZ Voucher

Ако имате Wizz ваучер, можно е да се користи и за резервирање билет.Преостанатата сума (ако ја има) треба да се плати со банкарска картичка.

Услови за ваучерот:

-      Ваучерите може да се искористат на wizzair.com или преку Центарот за јавување на Wizz Air.

-      Ваучерот може да се користи на секој закажан лет на Wizz Air Hungary Ltd. („Wizz Air“). Ваучерите не може да се користат за резервирање летови на Wizz Air Ukraine Airlines LLC.

-      Патувањето мора да заврши до одредениот датум на важност/траење на ваучерот, по што ваучерот престанува да важи.

-      Ако ваучерот не се употреби / искористи целосно во времето на резервирањето, преостанатата сума не се враќа. Вредноста на неискористените ваучери и неискористените билети не се враќа. Важноста на ваучерите не може да се продолжи.

-      Ваучерите важат за трошоците на летовите на Wizz Air (вклучително таксите, надоместоците и трошоците) и дополнителните услуги што може да се купат заедно со летовите и што се претставуваат за време на резервирањето (како што се: такса за мало дете, приоритетно качување, екстра простор за нозе, такси за багаж). Не може да се користат за купување услуги што не се покажуваат при стандардното резервирање (меѓу кои и изнајмување автомобил, паркирање на аеродром, хотели)

-      Ако вредноста на ваучерот не ја покрива целата вредност на летот, дополнителното плаќање треба да се изврши со банкарска картичка. Ваучерите не важат кога се плаќа со банкарски трансфер и од сметка WIZZ account.

 

-      Ваучерот може да се користи за резервирање во валута различна од онаа наведена на ваучерот. Цената на избраните услуги и/или билети ќе се претвори во валутата избрана за плаќање во текот на резервирањето според валутниот курс што го користи Wizz Air во времето на резервирањето.

 

-      При една резервација може да се употреби само еден ваучер.

-      Ваучерите не може да се употребат за додавање услуги на резервацијата по завршувањето на резервирањето или за менување на летот или на името.

-      Користењето на билетите и воздушниот превоз на Wizz Air се подложни на општите услови за превоз на Wizz Air.

 

-      Строго забрануваме ваучерите да се нудат во комерцијални цели од Ваша или од друга страна, особено за аукции на интернет или други мрежни платформи.

 



Услови за ваучерот за лет:

- Ваучерот за лет може да се искористи за еден повратен билет за еден патник. Ваучерот ги покрива цената на билетот, таксите, трошоците и надоместот за вршење на уплатата.

- Ваучерот не ги покрива надоместите за опционалните услуги (приоритетно качување, седиште со дополнително место за нозе и сл.), ниту надоместите за голема кабинска торба, за чекиран и за дополнителен багаж. Ваучерот не го покрива чекирањето на аеродром.

- Патувањето треба да завршува пред да заврши важноста на ваучерот. Проверете го распоредот на летовите на wizzair.com.

- Резервирањето треба да се направи преку повикувачкиот центар на Wizz Air не подоцна од 30 дена пред датумот на планираниот почеток на патувањето.

- Броевите на повикувачкиот центар се наведени на wizzair.com.

- Шифрите и бројките на ваучерот треба да се наведат при резервирањето.

- Билетите резервирани со ваучер се со ограничен број и зависат од достапноста. Достапноста на седиштата е особено ограничена за време на празници, распусти и поголеми спортски и културни настани. Повикувачкиот центар на Wizz Air ќе Ви обезбеди информации за бројот на седиштата достапни за резервирање со ваучер. Зависно од достапноста на седиштата, Wizz Air ќе ја изврши бараната резервација или ќе понуди други датуми за лет.

- Користењето на билетите и воздушниот превоз што го врши Wizz Air е според Општите услови за превоз на Wizz Air.

- Вредноста на неискористените ваучери и неискористените билети не се враќа.

- Во случај на менување на името на патникот, датумот на патувањето или одредиштето (понатаму „промена на резервацијата“), се плаќа моменталната административна такса, но разликата меѓу првичната и новата цена на билетот, таксите и трошоците не мора да се платат. Менувањето на резервацијата треба да се направи не подоцна од 30 дена пред датумот на планираниот почеток на патувањето. Промената на датумот на патувањето треба да се направи барем 30 дена пред изменетиот датум на планираниот почеток на патувањето.