Колачиња за сајтот на Wizz Air

Користиме колачиња за да бидеме сигурни дека ќе имате најдобро доживување на нашиот сајт. Ако продолжите да го разгледувате сајтот на Wizz Air без да ги смените поставките за колачињата, ќе претпоставиме дека се согласувате да ги примате сите колачиња од сајтот на Wizz Air. Можете да ги смените поставките за колачињата во секое време. Повеќе информации има во Политиката за колачињата.

Wizz Air

Wizz AirWizz

Внесете го корисничкото име (адреса на е-пошта). Новата лозинка ја испративме на вашата регистрирана адреса на е-пошта.


Регистрирај

WIZZ XTRA SPACE

УСЛУГАТА

Уживајте во повеќе простор!

Сакате повеќе место околу себе? Смачено Ви е од борби за потпирачот за раце? Тогаш, треба само да ја купите услугата  Wizz Xtra Space  што гарантира дека никој нема да седи до Вас. Доволен е само еден клик! Со оваа услуга добивате и приоритетен бординг Wizz Xpress

Купете Wizz Xtra Space преку интернет, преку телефонскиот центар, на аеродромот или во авионот и уживајте во погодностите:

  •     Ќе бидете сместени во предната половина на кабината во ред каде што средното седиште е оставенo празно до Вас за да бидете покомотни.
  • Во услугите што ги добивате кога купувате Wizz Xtra Space е вклучен и приоритетниот бординг Wizz Xpress за да можете да се качите во авионот меѓу првите.

Купувајќи Wizz Xtra Space ќе седите во редовите пред редовите на излезот за итни случаи. Купувањето Wizz Xtra Space не гарантира дека ќе го добиете претпочитаното седиште бидејќи некои седишта може да се веќе зафатени.

Во случај да сакате да седите во предните два реда, купете го нашиот производ Wizz Reserved Seat. Ако ви треба повеќе место за нозете и би сакале да седите во редовите за излезот за итни случаи, изберете го производот Wizz XXLong дополнително место за нозе.

Купувањето на Wizz Xtra Space ќе биде видливо на картата за бординг. Тоа ќе му укаже на персоналот на влезот за бординг дека сте платиле за Wizz Xtra Space дополнително од записот во системот за бординг.

КАКО ДА КУПИТЕ WIZZ XTRA SPACE

Преку интернет:

  • 1) Додајте го Wizz Xtra Space при резервирањето откако ќе ги внесете личните информации
  •   2) Ако решите да не купите Wizz Xtra Space при резервирањето на летот, едноставно е да се додаде подоцна со опцијата за додавање услуги на wizzair.com.

  • Преку нашиот Телефонски центар:

  • 3) Или, може да ја додадете услугата јавувајќи се во  Телефонскиот центар.

  • На аеродромот:

  • 4) Услугата може да се купи и на аеродромот, на денот на поаѓањето. Иако, тогаш ќе Ви се наплати малку поголем надомест.

  • Во авионот:

  • 5) Како последна шанса можете да ја проверите достапноста на оваа услуга со некој од членовите на екипажот во авионот. Ќе Ви се наплати малку поголем надомест.

Кликнете тука за да ја видите цената на оваа услуга.

ВАЖНО:

Wizz Xtra Space е достапен само на некои летови на Wizz.

Имајте предвид дека треба да бидете на излезот за бординг најмалку 30 минути претходно на закажаното поаѓање на летот за да го искористите приоритетниот бординг.

За услугата Wizz Xtra Space нема рефундирање.

Wizz Xtra Space е услуга што гарантира празно средно седиште до Вас. Не значи седење на одредено место или избрано седиште покрај преминот или покрај прозорец.

Празните средни седишта ќе бидат неискористени освен ако патниците што седат во истиот ред не се согласат за нивно користење. Wizz Air гарантира само дека нема да седи никој на празното средно седиште.

Wizz Air го задржува правото да сместува патници на седиштата по летнувањето во случај на забрзан бординг поради оперативни причини или ако патниците што ја купиле оваа услуга не влезат во авионот како дел од приоритетниот бординг.