Wizz Air Патничко осигурување
Има смисла да купите патничко осигурување за себе и за луѓето кои патуваат со вас, вклучувајќи го семејството, пријателите или колегите. А ние направивме да е едноставно да се купи - при резервирање на седиштето
Нашето осигурување Мулти-ризик* обезбедува:
-
Медицински и други сродни трошоци
-
итна медицинска помош 24/7
-
Случајна смрт или траен инвалидитет
-
Одложени летови
-
Загуба на лични предмети, багаж и пари
-
Откажување и скратување на патувањето
*Полисата Мулти-ризик е достапна за сите клиенти кои патуваат од Бугарија, Република Чешка, Франција, Унгарија, Ирска, Летонија, Литванија, Полска, Романија, Шпанија или од Обединетото Кралство.
Нашето осигурување Откажување на патувањето* обезбедува:
* Полисата за откажување на патување е достапна за клиенти кои патуваат од Финска, Германија, Италија, Норвешка и Шведска.
Трошокот се пресметува автоматски кога резервирате и зависи од должината на патувањето. Патувањата подолги од 31 ден не се покриени.
За да купите Wizz Air Патничко осигурување, вие и секој што патува со вас мора:
-
Да биде под 65 години старост во моментот кога ја купувате полисата, освен за Германија каде што нема ограничување на возраст и
-
Да биде жител на Италија, Германија, Шведска, Норвешка, Бугарија, Република Чешка, Франција, Унгарија, Ирска, Полска, Романија, Шпанија, Финска, Летонија, Латвија или на Обединетото Кралство.
Важно:
Има неизбежни исклучоци во полиса што покрива толку многу, вклучувајќи ги барањата што се должат на медицинска состојба или болест за којашто се знаело пред почетокот на патувањето. Препорачуваме да ги прочитате правилата и условите за да проверите дали полисата ви одговара и дали одговара за луѓето што патуваат со вас. Не се покриени патувања во или низ Либерија, Судан, Авганистан или Куба.
Chartis Europe Limited е осигурителната компанија во однос на полисите што се продаваат во Обединетото Кралство за неговите жители.
Wizz Air Hungary Airlines Ltd е назначениот претставник на Chartis Europe Limited којашто ја овластува и регулира Раководството на финансиски услуги.