
Екстра простор за нозе со WIZZ XXLong
услугата
Сега можете да резервирате седиште со екстра простор за нозе со Wizz Air за да седите во едно од најудобните седишта во авионот. Од 21 ноември 2011 приоритетното качување во авион со Wizz Xpress ќе се додаде кон XXLong за да ви овозможи речиси први да се качите во авионот!
како да се купи WIZZ XXLong
-
Само изберете „Купете седиште со екстра простор за нозе со WIZZ XXLong“ што ќе се појави за време на процесот на резервирање на веб-локацијата. Цената на услугата автоматски ќе се додаде за секој патник и лет во вашата резервација. Дополнителниот износ можете да го проверите тука.
-
Доколку не сте купиле преку интернет: можете да ја купите услугата преку Повикувачкиот центар или на аеродромот. Штом ќе се пријавите, одете на продажниот шалтер на Wizz Air и побарајте да купите седиште со екстра простор за нозе со WIZZ XXLong.
-
Ќе добиете налепница на картата за влез во авионот. Налепницата му назначува на персоналот на портата за качување во авион дека сте купиле седиште со екстра простор за нозе.
Важно
За да ја користат оваа услуга сите патници мора да ги исполнуваат следните критериуми:
Патниците што купуваат WIZZ XXLong мора да имаат најмалку 18 години и да имаат основно познавање од англиски јазик. Тие мора да се со силно тело и да се способни да го отворат излезот над крилото во итен случај. Патникот мора да се смета себеси за способен да го стори тоа и ќе биде испрашан за рачно ракување со излезот над крилото или ќе биде преместен. Рачниот багаж ќе ви биде складиран во шкафот над главата за време на полетувањето и слетувањето.
Седиштата со екстра простор за нозе се наоѓаат во редот за излез во итен случај. Од безбедносни причини, патниците наведени подолу НЕ се подобни за седење во редот за излез во итен случај:
- Патници помали од 18 години
- патници со преголема тежина
- патници на кој им треба помош
- бремени патници
- патници кои патуваат со деца (помали од две години)
Цената за услугата не се надоместува. Го задржуваме правото да ги преместиме патниците кои ги сметаме како несоодветни за седиштата во редот за излез. Во случај на промена на резервацијата, Wizz Air не може да гарантира дека на новиот лет ќе биде достапно седиште со екстра простор за нозе.