WizzAir

Wizz

Македонски

Прво добијте ја резервацијата, користејќи го бројот за потврда на резервација и презимето.

Исто така, може да се пријавите за да пристапите и да управувате со сите ваши резервации!

Прво добијте ја резервацијата, користејќи го бројот за потврда на резервација и презимето.

Исто така, може да се пријавите за да пристапите и да управувате со сите ваши резервации!

Внесете го корисничкото име (адреса на е-пошта). Новата лозинка ја испративме на вашата регистрирана адреса на е-пошта.


Регистрирај


Карта за приоритетно качување со WIZZ XPress

Приоритетно качување во авион со WIZZ Xpress

услугата

Качете се први во авионот!

Ги мразите долгите редици пред качување? Бидете меѓу првите патници што ќе влезат во авионот! Едноставно како кликнување! Сѐ што треба да направите е да ја купите услугата приоритетно качување со Wizz Xpress што ви овозможува брзо поминување низ процесот на качување во авион.

Купете приоритетно качување со Wizz Xpress на интернет, преку повикувачкиот центар или на аеродромот и уживајте во придобивките:

  • во случај да се пешачи до авионот ќе бидете повикани први за да поминете низ портата и ќе можете директно да се качите во авионот
  • во случај качувањето да се врши со автобус, ќе ви биде обезбеден назначен дел напред во автобусот. Кога ќе стигнете до авионот, ќе се отвори предната врата на автобусот овозможувајќи ви приоритетен пристап до авионот.

Купувањето на приоритетно качување со Wizz Xpress ќе биде видливо на картата за влез во авион:

Карта за влез во авион

  • зборовите „приоритет“ ќе се појават на картата за влез во авионот испечатена дома, доколку се пријавувате преку интернет или;
  • ќе ви биде залепена налепница на картата за влез во авионот на шалтерот за пријавување на аеродромот.

Ова му назначува на персоналот на портата за качување во авион дека сте платиле за приоритетно качување со Wizz Xpress.



Купувањето приоритетно качување со Wizz Xpress не ви гарантира претпочитан избор на седиште, бидејќи некои од седиштата може да се претходно резервирани.


како да се купи приоритетно качување со Wizz Xpress

Преку интернет:

  • 1) Додајте приоритетно качување со Wizz Xpress за време на процесот на резервирање откако ќе ги пополните личните детали
  • 2) Доколку не сте купиле приоритетно качување со Wizz Xpress за време на резервирањето на летовите, можно е да го додадете подоцна, користејќи ја опцијата додај услуга на wizzair.com.

Преку Повикувачкиот центар:

На аеродромот:

  • 4) Услугата може да се купи и на аеродромот, на денот на поаѓање. Ќе се наплати повисока такса.

За да ја видите цената на оваа услуга, кликнете тука.

важно:

Забележете дека мора да сте присутни на портата за качување во авионот барем 30 минути пред закажаното време на поаѓање на летот.

Таксата за приоритетно качување со Wizz Xpress не се надоместува.

Приоритетното качување со Wizz Xpress е услуга што ви овозможува само приоритетно качување во авионот, но не и приоритет за време на пријавувањето или при процесот на безбедносната контрола.