WizzAir

Wizz

Македонски

Прво добијте ја резервацијата, користејќи го бројот за потврда на резервација и презимето.

Исто така, може да се пријавите за да пристапите и да управувате со сите ваши резервации!

Прво добијте ја резервацијата, користејќи го бројот за потврда на резервација и презимето.

Исто така, може да се пријавите за да пристапите и да управувате со сите ваши резервации!

Внесете го корисничкото име (адреса на е-пошта). Новата лозинка ја испративме на вашата регистрирана адреса на е-пошта.


Регистрирај

правила за приватност

Согласно мерките на овие правила ДОО Wizz Air Унгарија („Wizz Air“) и/или ДОО Wizz Air Украина („WAU”) посветуваат посебно внимание на заштита на податоците. Нашите процедури се во согласност со релевантните Закони за заштита на податоци на Унгарија, Бугарија и Украина и со овие Правила. Wizz Air е регистрирана под бројот 01001 при Општинскиот регистар за заштита на податоци.

За да се обработи и да се направи вашата резервација и за да се изведе услугата на авиотранспорт и сите сродни активности (на пр. наплата, сметководство, согласност со правилата за безбедност, царинска контрола итн.) потребни се одредени лични податоци како што се вашето име, адреса, телефонски број, број на кредитна или банковна картичка итн. Наведувајќи ги вашите лични податоци, потврдувате и изречно се согласувате Wizz Air/WAU (како што е применливо) да управува со вашите лични податоци согласно правилата и релевантните закони и регулативи, вклучувајќи го преносот на податоци во и надвор од Унгарија или Бугарија. Доколку ви е потребна посебна нега и ви треба помош за таа цел и ни дадете информации поврзани со вашата физичка состојба, нѐ овластувате да ги употребиме, колку што е потребно, и да извршиме трансфер на таквите податоци за да можеме да ви ја обезбедиме услугата.

Доколку нарачате услуги (како што се осигурување, трансфер или потврда со СМС) спроведени од трета страна ( т.е. не од Wizz Air/WAU), со нарачување на истите изречно се согласувате со преносот на податоци од Wizz Air/WAU до третата страна, на која и се потребни вашите податоци за обезбедување на бараните услуги, до степен што е апсолутно неопходен за тие да бидат внесени во договорот во однос на бараните услуги и нивното обезбедување, било во Унгарија, Бугарија, Украина или на друго место. При преносот на вашите лични податоци ќе се потрудиме најмногу што можеме да ги почитуваме применливите закони и да ги добиеме сите потребни дозволи (доколку се потребни).

Услуги од трета страна:
- за осигурување: Осигурителна компанија Chartis CE & CIS и нејзините филијали,
- за трансфер: P-AIR Magyarország Kft. и MATUSZEK Transport Sp. z o.o.
- за потврда по СМС: 15below.com Ltd.

Не преземаме никаква одговорност за штети предизвикани од лажни или некомплетни податоци дадени од ваша страна. При пренос на податоци во земји надвор од Европската унија не гарантираме дека податоците ќе бидат заштитени согласно законите и регулативите на ЕУ. Wizz Air и/или WAU може да ангажираат ентитет за обработка на податоци во текот на управување со податоците.

Забележете дека може да ги откриеме вашите лични податоци на компании поврзани со нас во рамките или надвор од Европската Унија. Со доставување на вашите лични податоци потврдувате и се согласувате на пренос на истите до нашите блиски компании.

Доколку дејноста ја продадеме на трета страна кога било во иднината, вашите лични податоци може да бидат префрлени за полесно продолжување на деловните активности.

Вашите податоци ги доставуваме само до надлежните органи или до судот по нивно барање и во неопходните случаи според релевантните закони.

Многу се трудиме, вклучувајќи преземање разумни технички и безбедносни дејства, за заштита и безбедно складирање на вашите лични податоци и за да ги заштитиме истите од неовластен пристап, користење и злоупотреба или од неовластено бришење. Посебно внимание се посветува на безбеден пренос на лични и финансиски податоци. Овие податоци се пренесуваат од вашиот компјутер до серверот за резервации на Wizz Air и/или WAU преку шифрирани канали со поддршка на најновата технологија Secure Socket Layer (SSL).

Само лицата на кои им се потребни вашите лични податоци за горенаведените цели ќе имаат пристап до нив.

Вашите лични податоци нема да бидат употребени за маркетинг цели без претходна согласност.

Вашите лични податоци ќе се користат за да ви го испраќаме нашиот билтен, доколку се претплатите на таа услуга.

Доколку се регистрирате на нашата веб-локација, нема да има потреба повторно да ги дадете личните податоци при друга резервација.

Вашите лични податоци и договорите склучени од и помеѓу Вас и Wizz Air или WAU (зависно од случајот) се чуваат во нашиот систем за резервации. Доколку сакате да добиете информации за записот на вашите патнички резервации или какви било податоци складирани во Wizz Air или WAU (зависно од случајот), за управувањето со податоците и нивната обработка (ако ја има) или сакате да побарате да се изменат или избришат вашите податоци, контактирајте нѐ на следнава адреса на е-пошта: customerrelations@wizzair.com. Во случај на прекршување на вашите права поврзани со личните податоци, обратете се на судот или кај народниот правобранител.

Со вашите лични податоци се управува за времето потребно за изведба на горенаведените цели или за времето наведено во релевантните закони.

Додека ја употребувате нашата веб-локација, прегледувачот зачувува колачиња на тврдиот диск на вашиот компјутер. Податоците што ги испраќаат вашиот прегледувач и компјутер се складираат на нашата веб-локација за време на процесот на резервација. Таквите податоци се користат во здружена форма за статистички цели и за да ни овозможат понатамошен развој на понудените услуги. Забележете дека овие информации се само за интерна употреба. Не ги откриваме, ниту споделуваме со трети страни.

Колачињата може да се избришат од вашиот прегледувач доколку сакате. Нашите колачиња не содржат никакви информации за лична идентификација и автоматски истекуваат за неколку недели.

Оваа локација ги употребува аналитичките услуги на ClickTale.
ClickTale може да го забележи кликањето и движењето со глувчето, како и прегледувањето на веб-локацијата. ClickTale не ги прати вашите пребарувачки навики низ веб-локациите кои не ги користат услугите на ClickTale. Информациите што ги собира ClickTale ги користиме за подобрување на корисничкото искуство и за обезбедување на подобри услуги за нашите клиенти.