Важни информации за патниците што патуваат до/од Варшава!
Знајте дека летовите на Wizz Air од Модлин ќе летаат од/до аеродромот Варшава Шопен (WAW) од 18-ти декември до полноќ на 31-ти март.
Чекирањето на аеродромот е бесплатно, но може да трае многу време.
Препорачуваме да дојдете на аеродромот што е можно порано.
Ви благодариме за разбирањето.
Правила за безбедност на рачниот багаж за сите патници што поаѓаат од аеродромите во ЕУ
На патниците им е дозволено да носат само едно парче рачен багаж. Тоа вклучува рачна торба, компјутерски торби, чадори, кеси од шопинг, камери и др. На патниците кои носат повеќе од едно парче рачен багаж нема да им биде дозволено да продолжат низ безбедносната проверка и треба да се вратат назад до шалтерот за пријавување или да се ослободат од дополнителните парчиња рачен багаж.
Патниците можат да носат течности, гелови и аеросоли во својот рачен багаж во мали количества (максимално 100 ml по сад). Исто така, пакувањето на овие производи мора да исполнува одредени барања. Ова важи за сите патници што поаѓаат од аеродромите во Европската Унија. Правилата за чекираниот багаж остануваат исти.
Правилата важат за течности, како што е водата и други безалкохолни пијалаци, но важи и за гелови, пасти, лосиони и аеросоли. Тоа вклучува и прибор за лична хигиена, како што се пастата за заби, кремата за бричење, гелот за коса, сјајот за усни и кремите за лице.
Следните правила важат за течности во рачниот багаж:
-
Дозволено е да се носат течности и гелови во садови со волумен од 100 ml или помалку,
-
Дозволено е да се носи повеќе од еден сад, но сите мора да ги собира во една провидна пластична кеса,
-
Волуменот на провидната пластична кеса не смее да надминува 1 литар,
-
Секој патник може да носи една таква провидна пластична кеса,
-
Провидната пластична кеса мора да биде со затворање (секоја кеса што може повторно да се затвори по отворањето – ова може да се однесува на затворање со „патент“, нишка, врвка, па дури и затворање на кесата со врзување чвор, под услов личноста да може лесно да ја отвори).
Може да се направат два исклучоци:
-
бебешка храна што е неопходна за време на летот,
-
лек што е неопходен за време на летот.
Сѐ уште ќе можете да купувате (без данок) на европските аеродроми, откако ќе поминете низ пасошката контрола и во летовите со кои управуваат европските авиокомпании. Течностите и геловите што ќе ги купите откако ќе поминете низ пасошката контрола или во авионот, ќе ви ги спакуваат и затворат во продавницата или во авионот, доколку е потребно. Затворениот пакет важи 24 часа.
Одделно претставување содржина
Кога поминувате низ безбедносната контрола, потребно е сите течности да ги претставите одделно. Провидната пластична кеса треба да е затворена и треба лесно повторно да се затвора. Исто така, кога поминувате низ безбедносната контрола потребно е одделно да ги приложите вашето палто, капут и поголема електронска опрема, како што се лаптопите.