Колачиња за сајтот на Wizz Air

Користиме колачиња за да бидеме сигурни дека ќе имате најдобро доживување на нашиот сајт. Ако продолжите да го разгледувате сајтот на Wizz Air без да ги смените поставките за колачињата, ќе претпоставиме дека се согласувате да ги примате сите колачиња од сајтот на Wizz Air. Можете да ги смените поставките за колачињата во секое време. Повеќе информации има во Политиката за колачињата.

Wizz Air

Wizz AirWizz

Внесете го корисничкото име (адреса на е-пошта). Новата лозинка ја испративме на вашата регистрирана адреса на е-пошта.


Регистрирај

преглед на компанија

кратка но богата историја

Планот за стартување на Wizz Air беше осмислен во јуни 2003 кога шест луѓе, експерти во многу полиња од авиоиндустријата, како и со успешни достигнувања во различни индустрии, се здружија со Жозеф Варади (József Váradi), извршен директор на компанијата. За само три месеци, Wizz Air беше регистрирана компанија спремна за летање.

Првиот лет полета на 19 мај 2004 година од Катовице (Katowice). Денес Wizz Air има 18 оперативни бази во регионот: Гдањск, Познањ, Катовице, Варшава и Вроцлав во Полска, Будимпешта во Унгарија, Софија во Бугарија, Букурешт, Клуж-Напока, Таргу-Муреш, Крајова и Темишвар во Романија, Вилњус во Литванија, Рига во Латвія, Киев во Украина, Белград во Србија и Прага во Република Чешка. Сите тие нудат летови на повеќе од 340 маршрути.

понудени услуги

Wizz Air е принципиелна авиокомпанија, фокусирана на новитетите што целосно го опфаќаат патувањето на клиентот. Нашата цел е летањето да биде достапно на граѓаните од Централна и Источна Европа (ЦИЕ), како и да обезбедиме нови искуства за патниците од Европска Унија (ЕУ). Најновата технологија се употребува за да обезбеди дека „Искуството со Wizz Air“ ќе биде исклучително во однос на услугата и вредноста за парите. Wizz Air нуди „едноставен услужен модел“, што значи: патување без карта, користење на секундарни аеродроми што штедат пари и време, приватна класа со кожни седишта, необележани седишта и кетеринг на барање со доплата.

Wizz Air се залага да управува нови авиони, технолошки најдобри во својата класа, одржувани од угледни компании како што е Lufthansa Technik. Ова ѝ овозможува на компанијата достигнување доследно висок стандард на услуги за патниците. Wizz Air лета со млада флота на авиони Airbus A320 со 180 кожни седишта во авионот.

аеродроми и мрежа

Wizz Air постојано бара можност за проширување на својата мрежата од дестинации и обезбедување евтини летови од и кон Централна и Источна Европа. Wizz Air во моментот нуди летови на повеќе од 340 маршрути во Европа. Мрежата постојано се шири и се воведуваат нови дестинации. Wizz Air е посветена на постигнување најевтини основни трошоци во регионот, а изборот на аеродромот игра важна улога. Тоа е причината зошто Wizz Air, каде што е можно, работи на секундарни аеродроми, што обезбедува ниски трошоци кои се рефлектираат со ниска цена и обезбедува пријателска и брза услуга на патниците. Wizz Air постојано преговара за воспоставување на оперативна мрежа на повеќе аеродроми, за да обезбеди ниски транспортни трошоци за Централна и Источна Европа.

Групата Wizz Air се состои од две оперативни авиокомпании: Wizz Air Унгарија (WAH-Wizz Air Hungary, бројот на летот започнува со W6) и Wizz Air Украина (WAU-Wizz Air Ukraine, бројот на летот започнува со WU).

Забележете дека со летовите Киев-Лутон-Киев управува Wizz Air Унгарија.

За да проверите која авиокомпанија управува со вашиот лет, кликнете тука.

луѓе

Во Wizz Air, веруваме дека луѓето значат. Тимот на Wizz Air, во авион и на земја, ја делат истата страст: страста за нашиот бизнис. Тимот на Wizz Air верува во високи етички стандарди водени од одличен тимски пристап. Денес, нашата компанија вработува посветен кадар од различни држави низ цела Европа. Благодарејќи на посветениот, професионалниот и мулти-културниот менаџерски тим, раководството и мотивацијата се движечка сила и клуч за успехот во начинот на раководење бизнис на Wizz. Моментално во Wizz Air работат над 2000 луѓе.

Флота на Wizz Air

Wizz Air има нова флота со еден тип Airbus A320 и сите 54 летала имаат мотори V-2500 на International Aero Engine и се опремени со 180 удобни кожени седишта. Овие нови авиони ја претставуваат најновата технологија, што помага за ниските оперативни трошоци.

Авионите на Wizz Air на земја

Airbus A320-200

Авиони со краток и среден досег

Димензии
Распон на крила: 34,09 m
Должина: 37,57 m
Висина: 11,76 m
Мотори 2 X International Aero Engines IAE V2500-A5
Оперативна празна тежина 43.200 kg
Максимална тежина при полетување 71.500 kg
Пилотски екипаж 2
Стандарден кабински екипаж 4
Капацитет на седишта 180
Максимална брзина на летање 903 km/h (487 kt)
Економична брзина на летање 840 km/h (454 kt)
Опсег приближно 3600 км
Капацитет на гориво 24.000 L

Адреса на компанијата

Wizz Air Hungary Ltd.
BUD International Airport Building 221
H-1185 Будимпешта
info@wizzair.com
Зградата на судот во Пешта како Судски регистратор, бр. на рег.: 01-09-964332
EU VAT бр: HU13122605
Супервизор: Министерство за транспорт
Цивилна авионска администрација www.nkh.gov.hu/repules
1675 Budapest, Pf.: 41.