Колачиња за сајтот на Wizz Air

Користиме колачиња за да бидеме сигурни дека ќе имате најдобро доживување на нашиот сајт. Ако продолжите да го разгледувате сајтот на Wizz Air без да ги смените поставките за колачињата, ќе претпоставиме дека се согласувате да ги примате сите колачиња од сајтот на Wizz Air. Можете да ги смените поставките за колачињата во секое време. Повеќе информации има во Политиката за колачињата.

Wizz Air

Wizz AirWizz

Внесете го корисничкото име (адреса на е-пошта). Новата лозинка ја испративме на вашата регистрирана адреса на е-пошта.


Регистрирај

Внесете информации за Privilege Pass и притиснете продолжи

Возрасен 1

Имаше грешка со информациите за патникот што ги внесовте. Прегледајте ги означените полиња подолу!

Знајте дека може да се внесуваат само мали латинични букви (a-z), големи латинични букви(A-Z), точка (.) и празно место ( ). Не користете букви со акценти и други посебни знаци во полињата за име. Наведете го целото име како во патниот документ. Имајте предвид дека не се прифатливи иницијали.

Знајте дека може да се внесуваат само мали латинични букви (a-z), големи латинични букви(A-Z), точка (.) и празно место ( ). Не користете букви со акценти и други посебни знаци во полињата за име. Наведете го целото име како во патниот документ. Имајте предвид дека не се прифатливи иницијали.


ОДРЕДБИ И УСЛОВИ НА WIZZ Privilege Pass

Исклучоци/ограничувања:

1. Дефиниции

Wizz Air значи Wizz Air Hungary Ltd.

WIZZ Privilege Pass значи дванаесет-месечна програма на членство што му дава право на членот да додава приоритетно качување во авион и голема кабинска торба на резервациите за лет за летовите на Wizz Air без наплатување надомест за прироритетно качување или надомест за голема кабинска торба.

Член значи лицето што ги користи услугите за патнички превоз на Wizz Air и чие име е наведено како член на Wizz Privilege Pass за време на купувањето на Wizz Privilege Pass.

Надомест за багаж значи надоместот што го плаќа патникот за секое парче чекиран багаж како што е дефинирано на wizzair.com.

WIZZ резервирано седиште значи услугата што обезбедува патникот да седне на седиште во првите 2 реда на кабината. Користењето на оваа услуга има одредени ограничувања што можат да се најдат на wizzair.com.

Надомест за WIZZ резервирано седиште значи надоместот што го плаќа патникот за резервираното седиште WIZZ како што е дефинирано на wizzair.com.

Колема кабинска торба значи едно парче нечекиран багаж што патниците смеат да го внесат со себе во авионот како што е дефинирано во Политиката за багаж на Wizz Air на wizzair.com

Надомест за голема кабинска торба значи надоместот што го плаќа патникот за секое парче голема кабинска торба како што е дефинирано на wizzair.com.

Приоритетно качување Wizz Xpress значи услугата што ги внесува патниците со приоритетно качување во авионот.

Дополнително место за нозе WIZZ XXLong значи услугата што овозможува патникот да седи на едно од најудобрните седишта во авионот кај излезите за итни случаи. Користењето на оваа услуга има одредени ограничувања што можат да се најдат на wizzair.com.

2. Купување на WIZZ Privilege Pass, права на членовите

2.1.  Членот може да ја купи WIZZ Privilege Pass
-       со резервирањето преку интернет плаќајќи го надоместот за WIZZ Privilege Pass; или

-       или посебно на wizzair.com

2.2.  При купувањето на WIZZ Privilege Pass, на членот ќе му се наплати годишниот надомест.

2.3.  Wizz Air може да го смени надоместот за WIZZ Priory Pass во секое време и без известување на членот. Зголемувањето на годишниот надомест ќе важи при обновувањето на WIZZ Privilege Pass.

2.4.  Членовите немаат право на рефундирање на надоместите за членство при откажување на WIZZ Privilege Pass.

2.5.  WIZZ Privilege Pass е поврзана само со членот наведен како член на WIZZ Privilege Pass при купувањето на Wizz Privilege Pass. Членот има право да ја користи WIZZ Privilege Pass само при своите резервирања на лет (т.е. Членот ќе биде наведен како патник при резервирањето за кое би сакал(а) да ги искористи погодностите на членството во WIZZ Privilege Pass).

2.6.  Членот може да го надгради приоритетното качување WIZZ Xpress во дополнително место за нозе WIZZ XXLong или во резервирано седиште WIZZ и, во тој случај, за односната резервација членот ќе ја плати само разликата меѓу надоместот за приоритетно качување Wizz Xpress и надоместот за дополнително место за нозе WIZZ XXLong или надоместот за резервирано седиште WIZZ (соодветно).

2.7. Членот не може да ја надгради бесплатната голема кабинска торба во чекиран багаж преку „додај услуга“ во деловите „мои резервации“, „резервации“ или „чекирање“.

3. Важност на WIZZ Privilege Pass

3.1.  Рокот на Wizz Privilege Pass е период од дванаесет последователни месеци што почнуваат на денот на купувањето (т.е. плаќањето на надоместот за WIZZ Privilege Pass) (датум на почнување) и завршува на денот (заедно со него) пред следната годишнина на датумот на почнување.

4. Разно

4.1.  Членството не е достапно за деца под 14 години.

4.2.  WIZZ Privilege Pass не важи за летовите на Wizz Air Ukraine Airlines LLC.

4.3.  WIZZ Privilege Pass е непренослива, не е возможно менување на името на членот на одредена WIZZ Privilege Pass. Членовите мора веднаш да го известат Wizz Air ако забележат некакво неовластено користење на нивната WIZZ Privilege Pass.

4.4.  Членовите не можат да купуваат билети користејќи ја својата WIZZ Privilege Pass за препродажба. Промена на имињата на патниците на одредена резервација исто не е можна ако била употребена WIZZ Privilege Pass за резервацијата. Погодностите на WIZZ Privilege Pass исто важат на новиот лет во случај на доброволна промена на летот или промена на распоредот од страна на Wizz Air.

4.5.  Освен како што е одредено во сегашните Одредби и услови, за услугите купени од Wizz Air важат општите услови за превоз на WIZZ Air. Ако не е поинаку, поимите во Општите услови за превоз на WIZZ Air го имаат истото значење како и во овие одредби и услови.

4.6.  Wizz Air изречно забранува WIZZ Privilege Pass да се нуди за комерцијални цели од Ваша или од нечија друга страна, особено на интернет-аукции или на други платформи на интернет.

4.7.  Понудава важи додека не се повлече. Купувачот изјавува дека ги прифаќа одредбите на овие Одредби и услови.

4.8.  Wizz Air го задржува правото на дополнување на овие Одредби и услови во секое време без претходно известување. WIZZ Air ќе ги известува сите членови за таквите дополнувања на својот сајт (wizzair.com).

4.9.  Wizz Air не одговара за евентуалните штети произлезени од каква било злоупотреба на Wizz Privilege Pass или од нејзиното губење или откривање некому.

4.10. Овие одредби и услови се составени и стапуваат на сила во согласност со законите на Унгарија. Споровите произлезени од овој договор главно ќе се разрешуваат со разговори меѓу страните.


На сила од 18 декември 2013

Краток преглед

    Вкупно во0,00 Ft0,00 €0,00 lv0,00 Kc0,00 zł0,00 Lt0,00 £0,00 kr0,00 lei0,00 kr0,00 din0,00 UAH0,00 kn0,00 $0,00 MKD0,00 SFr0,00 Dhs0,00 ₪0,00 KM